Црна хроника
Шверцер на мигранти не сакал да застане, им избегал на полицајците

Полицајци пронашле 12 мигранти во автомобил на регионалниот пат Гевгелија – Богданци, но возачот што ги пренесувал успеал да избега.
Во вторникот околу 18.50 часот полицајците му дале знак на возилото да застане, но тоа продолжило со движење. По 200 метри успеале да сопрат автомобилот, но возачот избегал, а во возилото биле најдени 12 мигранти, шест од Пакистан и шест од Либија. При проверка на возилото „фиат улис“ со скопски регистарски таблички, утврдено е дека регистарските таблици потекнуваат од друго возило. Странските државјани се наоѓаат во ПС Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.