Црна хроника
На Деве Баир запленети 1.270 таблети метадон
Царинските инспектори од Одделението за истраги спречија обид за криумчарење на 1.270 таблети метадон на граничниот премин Деве Баир, соопшти Царинската управа.
Инспекторите го нашле метадонот во среда вечер при вршење на редовна царинска контрола, во автомобил со холандски регистарски ознаки. Го нашле сокриен во личниот багаж на двајцата холандски државјани.
По комплетирањето на истрагата и доказниот материјал, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Метадонот е синтетички опијат, кој влегува во групата на наркотични аналгетици и често се користи во терапија при лечење на зависност од хероин. Осомничените лица патувале од Холандија за Македонија./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во затворот „Идризово“: вработен бил нападнат од негов колега
Вработен во затворот „Идризово“ во полиција пријавил дека бил нападнат од негов колега.
Имено, утрово во 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека на 02.06.2024 околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во Скопје: неколку лица биле нападнати со тврди предмети
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(18) од Скопје пријавил дека на 31.05.2024 околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и С.Р.(19), В.П., Ѓ.Н. и Б.М.С., сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Напад со нож на автобуска постојка: кривична за 18-годишник од Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“.
Имено на 06.03.2024 на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Ј..