Контакт

Вести

Русија: Секој напад на САД врз IS без мандат на ОН е акт на агресија, Лондон и Берлин не учестуваат

Објавено пред

Руското министерство за надворешни работи во четвртокот објави дека смета оти воздушните напади врз џихадистите од Исламската држава во Сирија без мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации и без координација со властите во Дамаск, би претставувал акт на агресија, а истовремено по Турција и Велика Британија и Германија објавија дека нема да учествуваат во воздушните напади.
 

dobivaj vesti na viber

Руското министерство за надворешни работи во четвртокот објави дека смета оти воздушните напади врз џихадистите од Исламската држава во Сирија без мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации и без координација со властите во Дамаск, би претставувал акт на агресија, а истовремено по Турција и Велика Британија и Германија објавија дека нема да учествуваат во воздушните напади.

 

„Американскиот претседател зборуваше директно за можност од воздушни напади на американските воздушни сили врз позициите на Исламската држава (IS) во Сирија без дозвола на нејзината легитимно избрана влада. Таквиот потег, додека не постои резолуција на Советот за безбедност на ОН, би претставувал акт нa агресија и големо кршење на меѓународното право“, изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукачевич, пренесе агенцијата Интерфакс.

Ист став има и сирискиот министер за национално помирување, Али Хајдар. „Секоја акција преземена без одобрение на сириската владата е чин на агресија врз Сирија. Мора да постои соработка и координација со Сирија и мора да постои сириско одобрување за секоја акција, военa или каква и да е друга“, изјави Хајдар на прес-конференција во сириската престолнина Дамаск, пренесува AFP повикувајќи се на сириските државни медиуми.

Претходно месецов зборувајќи за оваа тема американскиот претседател Барак Обама рече дека Вашингтон доколку прибегне на овој чекор нема да го консултира Дамаск, кој, пак, соопшти дека американските напади мора да бидат во координација со владата на претседателот Башар ал-Асад, кој инаку е трн во окото на Западот како регионален сојузник на Русија, и три ипол години ги поддржуваат сунитските бунтовници кои се обидуваат да го соборат.

Министрите за надворешни работи на Германија и Велика Британија по средбата во Берлин, објавија дека нивните земји нема да учествуваат во воздушните напади врз џихадистите од Исламската држава (IS) во Сирија.

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер на прес-конференцијата изјави дека Германија не е повикана да им се придружи на воздушните напади и дека нема да учествува во нив. „Да бидеме сосема јасни, не сме повикани тоа да го правиме и нема да го правиме тоа“, пренесе агенцијата DPA.

Неговиот британски колега Филип Хамонд изјави дека Велика Британија „целосно го поддржува американскиот пристап за потребата за воспоставување меѓународна коалиција“ против Исламската држава, којашто ја нарече „варварска“, додавајќи дека неговата земја „не исклучува ништо“ околу начините за помош на таа коалиција.

Сепак, на прашање на новинарот на Reuters за учество во воздушните напади во Сирија коишто ги најави американскиот претседател, Хамонд одговори: „Ќе бидам јасен. Велика Британија нема да учествува во ниедни воздушни напади во Сирија. Уште минатата година за тоа расправавме во парламентот, и на таа тема нема да се навраќаме“.

Меѓутоа, подоцна по изјавата на Хамонд, портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Лондон не ја исклучува воената акција против Исламската држава во Сирија. „Кога станува збор за воздушните напади, премиерот не исклучува ништо и тоа е официјалниот став“, рече портпаролот на Даунинг стрит 10.

Ниту Анкара има намера да учествува во воздушните напади врз џихадистите од IS на територијата на соседна Сирија, изјави претходно во четвртокот за AFP неименуван извор од турскиот парламент. „Турција нема да учествува во никаква воена операција, туку целосно ќе се посвети на хуманитарните операции. Турција нема да учествува во каква и да е борбена операција и нема да испраќа свое оружје“, истакнал соговорникот на агенцијата, но додал дека турската страна би можела да го дозволи користењето на својата воена база Инчирлик како логистичка поддршка на акциите.

Американскиот претседател Барак Обама најави ноќта кон четвртокот дека САД ќе ја прошират воената кампања и воздушните удари против Исламската држава во Ирак и првпат ќе гаѓаaт цели на џихадистите во Сирија. Обама порача дека ќе удри врз Исламската држава „каде и да се наоѓа“, благодарејќи на американското воено воздухопловство, и поради поддршката на ирачките сили, од една страна, и поради поддршката на, како што ја нарече умерената сириска опозиција, којашто како и џихадистите ги обединува сунитите во оваа земја./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија1 час

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија1 час

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ2 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија2 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет3 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа4 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет5 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет6 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет6 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет6 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа6 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија16 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет17 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет19 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет20 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија22 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија24 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија1 ден

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....