Македонија
ДСЗИ: Дисциплински постапки и суспендирани доктори во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на битолската болница ЈЗУ КБ „Трифун Пановски“, по добиените сознанија дека на 1.1.2021година, царски рез на родилка извршила сопругата на еден од двајцата доктори кои се суспендирани, а која не е вработена во болницата и е странски државјанин.
По констатираната фактичка состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската документација за пациентката, изјави дадени од директорот на установата, како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот, но и преземените активности од раководството на болницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ги преземе следните мерки:
ДСЗИ соопшти дека до министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и преземените мерки од ДСЗИ.
ДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата, односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.
ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог документација обезбедена при надзорот за натамошно постапување.
При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констараше дека директорот на установата во врска со случајот првзел законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.