Македонија
Османи: Силна поддршка од Луксембург на европскиот пат за Северна Македонија

Работната посета на Луксембург, министерот за надворешни работи Бујар Османи ја почна со средби со претседателот на Собранието, Фернанд Етген, и претседателот на Комисијата за надворешни работи во Собранието на Луксембург, Кручтен Ивес.
Од МНР велат дека на средбите била потврдена конзистентната и силна поддршка на Луксембург во полза на европската перспектива на Северна Македонија, преку континуирана поддршка на реформските процеси.
„Вложивме многу во овој процес, што нè прави, како земја, подготвени за преговорите по поглавја за целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ-агенда. Луксембург е еден од најважните и постојани поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ и ние високо ја цениме силната и гласна поддршка што доаѓа од кај вас, на сите нивоа“, истакна Османи.
Соговорниците размениле мислења и за сојузништвото во НАТО, при што станало збор за актуелните домашни, регионални и меѓународни теми, како и за ангажманите и заложбите на нашата држава за обезбедување стабилност и сигурна иднина на нашиот регион. Во тој контекст, биле поздравени впечатливите активности на Северна Македонија на планот на унапредувањето на добрососедските односи.
Османи имаше и настап пред претставниците на Собранието и на Комисијата за надворешни и европски прашања, соработка, миграции и азил.
Во продолжение на еднодневната работна посета на Луксембург, Османи ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни и европски работи и министер за имиграција и азил на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.