Црна хроника
Пронајден непознатиот возач од сообраќајката во кумановско
Дваесет и три годишен кумановец е непознатиот учесник во сообраќајната несреќа на патот Куманово-с.Липково во која во неделата загина 37-годишен жител на Матејче, информираат од полицијата.
Кумановецот бил пронајден и приведен од страна на полицијата. Утврдено е дека при несреќата дошло до судир на автомобил „голф“ во кој се превезувал сега загинатиот маж и товарно возило, кое го управувал кумановецот. Тој побегнал од местото на настанот. Товарното возило е пронајдено во селото Стрима.
Кумановецот ќе одговара за сторени две кривични дела – “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќај“ и “неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.