Забава
Еден од оние денови во Малибу: Џона Хил одржа час по сурфање
Тој бргу се навикна на животниот стил на Јужна Калифорнија како патка на вода откако купи куќа од 6.7 милиони долари во Санта Моника во септември 2019 година, коментираат таблоидите.
А во вторникот Џона Хил повторно влезе во океанот покажувајќи ги своите вештини за сурфање.
Актерот и режисер (37) носи професионален влажен костум преку цело тело, додека им пркоси на брановите на својата светлоцрвена штица за сурфање.

Sвездата на „Манибол“ (Moneyball) моментално има платинесто руса коса што го издвојува од толпата колеги сурфери во водите покрај Малибу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Дали пиете кафе на празен стомак? Еве што треба да знаете
Многу луѓе го започнуваат денот со шолја кафе, често пред појадок, но прашањето останува – дали кафето на празен стомак е штетно? Според порталот EatingWell, за повеќето здрави луѓе ова не претставува сериозен ризик по здравјето.
Истражувањата покажуваат дека умереното консумирање кафе (3 до 5 шолји на ден) може да има одредени придобивки. Сепак, кафето го стимулира лачењето на желудочна киселина и празнењето на цревата, што може да предизвика непријатност, брзо варење или горушица кај некои луѓе, особено ако се консумира на празен стомак.
Експертите советуваат да се обрне внимание на реакциите на сопственото тело. Луѓето склони кон горушица или ГЕРБ може да имаат помалку проблеми ако го комбинираат кафето со храна или го пијат по појадок.
Заклучокот е едноставен – за повеќето луѓе, кафето на празен стомак не е проблем, но ако забележите непријатност, прилагодете ја навиката на вашите потреби.
фото/депозитфотос
Забава
Мел Гибсон (69) и Розалинд Рос (35) се разделија по девет години врска
Мел Гибсон и Розалинд Рос се разделија по девет години врска. Познатиот актер и режисер (69) и сценаристката (35) се разделија, но тие остануваат посветени на заедничкото родителство на нивниот осумгодишен син Ларс.
Во заедничка изјава за списанието People, тие рекоа: „Иако е тажно да се заврши ова поглавје во нашите животи, ние сме благословени со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобрите можни родители.“
Поранешната двојка се запозна во 2014 година преку заеднички пријатели. Рос во тоа време имала 23 години, а продуцентската куќа на Гибсон ја ангажирала како асистентка за сценарио. Гибсон, кој тогаш имаше 58 години, набрзо ја однесе на луксузно патување во Костарика, а нивната врска брзо процвета.
Три години подоцна, во 2017 година, тие го добија својот син, Ларс. Неговото раѓање се случи само неколку дена пред Гибсон да биде номиниран за Оскар за најдобар режисер за „Гребенот“. Размислувајќи за моментот, Гибсон во тоа време рече: „Што може да биде повозбудливо од тоа да ги слушнам номинациите објавени додека го држам мојот новороден син“.
Романтичната историја на австралискиот актер честопати беше под лупа на јавноста. Тој беше во брак со Робин Мур Гибсон од 1980 до 2011 година, со која има седум деца: Хана, Кристијан, Едвард, Вилијам, Луис, Мило и Томас.
Помеѓу бракот со Робин и врската со Розалинд, Гибсон беше во врска со пејачката Оксана Григориев од 2007 до 2010 година. Двојката има ќерка, Луција, родена во 2009 година.
фото/депозитфотос
Забава
Сите сакаме да изгледаме како Деми Мур додека го чисти снегот пред куќата
Деми Мур стана вистинска интернет сензација, иако била и претходно, но овој пат привлече внимание со многу специјално издание на социјалните мрежи.
Познатата актерка Деми Мур ги поминува празниците во својот дом, а потоа ги израдува сите свои следбеници со нови фотографии. На нив, Деми покажува како го чисти снегот во интересно издание, донекаде необично за таква активност.
View this post on Instagram
Сиви фармерки со широки ногавици и црн џемпер беа нејзините омилени парчиња облека, но тоа не е она што привлече внимание. Деми го чистеше снегот во популарни папучи обложени со волна, кои ги комбинираше со чорапи, а подоцна позираше во нив на снегот.
„Нема место како дома за празниците. Ви посакувам вам и на вашето семејство многу љубов оваа сезона“, напиша актерката под објавата.
Чорапите и папучите се тренд што ги преплави улиците оваа година, но предизвика и поделени мислења меѓу луѓето. Многумина го прифатија ова, додека на некои сè уште им е грдо и нејасно зошто е толку модерно.
Деми Мур е модерна дури и додека го чисти снегот пред куќата, што воодушеви и изненади многумина, па нема сомнение дека секој од нас би сакал барем понекогаш да изгледа вака.
фото/депозитфотос

