Свет
Поповиќ: Вакцината „спутник В“ е безбедна и за највозрасните
Вакцината „спутник В“ може да ја примат и најстарите граѓани, изјави српскиот министер без ресор Ненад Поповиќ за РТС.
Тој вели дека вакцината е безбедна и може да ја примат сите граѓани на возраст над 18 години, вклучително и оние над 60 години.
„Вакцината ‘спутник В’ е безбедна за сите граѓани постари од 18 години, вклучително и оние над 60 години“, истакна Поповиќ кој вчера имаше состаноци со претставници на Министерството за здравство на Русија во Москва.
Тој наведува дека на состанокот, на кој присуствувале експерти од институтот „Гамалеј“, ги добиле сите појаснувања, сите официјални писма и документација со кои се потврдува дека вакцината е безбедна и може да се користи веднаш.
Поповиќ рече дека оние кои пројавиле интерес за оваа вакцина, а припаѓаат на најстарата популација, од денес ќе добијат повик за вакцинирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот врховен лидер бара смртна казна за Нетанјаху и Галант
Врховниот лидер на Иран, кој ги поддржува милитантите на Хамас и Хезболах во конфликтот со Израел во Газа и Либан, рече дека израелските лидери треба да се соочат со смртни казни, а не со налози за апсење.
Ајатолахот Али Хамнеи се повика на одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кој во четвртокот издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас Ибрахим Ал-Масри.
„Тие издадоа налог за апсење, но тоа не е доволно… Мора да се изрече смртна казна за овие криминални водачи“, рече Хамнеи, мислејќи на израелските лидери.
Судиите на МКС изјавија во својата одлука дека постојат причини да се верува дека Нетанјаху и Јоав Галант се кривично одговорни за дела, вклучително и убиство, прогон и употреба на глад како воено оружје како дел од широкиот и систематски напад врз цивилното население на Газа.
Одлуката предизвика бес во Израел, кој ја нарече срамна и апсурдна. Жителите на Газа изразија надеж дека ова може да помогне да се стави крај на насилството и одговорните за воените злосторства да се изведат пред лицето на правдата. Израел, од друга страна, ја отфрла јурисдикцијата на судот со седиште во Хаг и ги негира воените злосторства во Газа.
Налогот за водачот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, ги наведува наводите за масовни убиства за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната во долгата блокада на палестинската енклава, и наводите за силување и земање заложници. Израел соопшти дека Ал-Масри, познат и како Мохамед Деиф, бил убиен во воздушен напад во јули, но Хамас ниту го потврди ниту го демантираше тоа.
Свет
(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото
Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот се урна утринава во 5:30 часот по локално време во станбена зона во Вилнус, на неколку километри од пистата.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како авионот се подготвува за слетување.
На небото се гледаат светлата на авионот додека полека ја спушта висината. И тогаш, во еден момент, доаѓа до страшна експлозија и блесок што го осветлува небото.
BREAKING VIDEO: Huge fireball as cargo plane crashes into residential building while approaching Vilnius International Airport in #Lithuania, leaving at least 1 dead, 3 injured.
pic.twitter.com/UBb96ZJ1g0— Breaking News Video (@BreakingAlerter) November 25, 2024
Еден член на екипажот загина при падот, а останатите тројца со повреди беа извлечени од леталото и беа пренесени во болница. Авионот се излизгал неколку стотици метри пред да удри во станбена зграда.
Според официјални лица, 12 лица кои биле во објектот во моментот на ударот биле извлечени живи.
Причината за падот на авионот се’ уште не е позната, а истрагата е во тек. Бројни теории кружат за тоа што му претходело на падот, а според надлежните не е исклучена ниту можноста од терористички напад.
„Еден од членовите на екипажот е пронајден без знаци на живот“, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Државниот кризен центар. Виткаускас рече дека е прерано да се извлечат какви било заклучоци за тоа што ја предизвикало несреќата и дека околностите и причините се истражуваат.
Во овој момент нема индикации дека на авионската несреќа и претходела експлозија во леталото. Се верува дека авионот паднал поради технички дефект или човечка грешка. Но, не е исклучена ниту опцијата дека се работи за терористички чин, пишуваат локалните медиуми.
„Ова е една од верзиите за несреќата, која ќе биде истражена и проверена. Пред нас е многу работа. Собирањето докази може да потрае цела недела, нема да има брзи одговори“, рече Паулаускас.
Регион
Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград
Жената која преживеа тешка сообраќајна несреќа во Раковица, населба на југот на Белград, од саботата е хоспитализирана. Имено, како што пишува Телеграф.рс, во неа на пешачки премин удрил возач на автомобил „ситроен“. Вториот возач кој управувал автомобил „БМВ“ не закочил навреме и го прегазил телото на жената.
На двајцата возачи им било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека не биле под дејство на алкохол. Жената била примена во болница со тешка повреда на слезината и повреди на главата.
За случајот е известено Второто основно јавно обвинителство Белград, кое и наложило на полицијата да ги достави извештаите за незгодата, да изврши вештачење на возилото и да обезбеди снимка од камерата.