Спорт
Кари го растури Орландо, Хјустон без одговор за Батлер

Кошаркарите на Мајами, Голден стејт, Портланд, Индијана и Бостон изминатата ноќ забележаа победи во НБА-лигата. Индивидуално, се истакна Стеф Кари, кој постигна 10 тројки, во победата на Голден стејт над Орландо.
Џими Батлер, го предводеше Мајами до победата над Хјустон 101:94. Батлер мечот го заврши со 27 поени и по 10 скока и асистенции. Блиску до трипл-дабл беше и Бем Адебајо (10 поени, 13 скока, 8 асистенции). Кај Хјустон по 17 поени постигнаа Ерик Гордон и Џон Вол.
Голден стејт славеа во дуелот со Орландо со 111:105. Вориорс постигнаа 19 тројки, 10 од нив уфрли Кари, кој натпреварот го заврши со 40 поени, 8 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки. Вообичаено кај Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 25 поени и 13 скокови.
Портланд во драматична завршница, со погодени четири слободни фрлања во завршницата ја победија Филаделфија со 118:114. Демијан Лилард постигна 30, а Кармело Ентони 24 поени.
На Филаделфија не и помогна Џоел Ембид (35 поени, 9 скока).
Резултати:
Бостон-Торонто 120:106
Хјустон-Мајами 94:101
Детрои-Индијана 95:111
Голден стејт-Орландо 111:105
Портланд-Филаделфија 118:114
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул го договори трансферот на Нуњез во Ал Хилал

Активниот трансфер период продолжува на „Енфилд“. Играчите доаѓаат и си одат. Англискиот шампион го договори трансферот на Дарвин Нуњез во Ал Хилал.
Уругваецот пристигна како големо засилување пред три години за 87 милиони евра, си заминува како некој што не ги оправда очекувањата.
Ливерпул нема целосно да ја санира штетата, од трансферот ќе заработи 53 милиони евра. Но, со релативно лесно остварливи бонуси, вредноста на трансферот би можела да достигне дури 60 милиони евра.
Уругвајскиот напаѓач постигна 40 гола во сите натпреварувања во 143 натпревари за Ливерпул.
Foto/ „X“
Спорт
Галијани ќе се врати во Милан

Адријано Галијани, легендарниот фудбалски функционер кој се прослави во Милан, би можел да се врати во клубот.
Во претходните недели имаше преговори меѓу него и сопственикот Кардинале, кој го сака назад во клубот како „супер-консултант“.
За да биде реализирана оваа соработка, Галијани ќе мора да ја продаде Монца, односно трансакцијата официјално да биде завршена, бидејќи продажбата на клубот беше договорена пред некое време.
Навивачите на Милан речиси едногласно сакаат ова да се случи, бидејќи Галијани ја кроеше трансфер политиката во најславните денови на клубот.
Доколку ова сценарио се оствари, Галијани нема да „заземе ничие место“. Паоло Скарони би останал претседател, а Џорџо Фурлани би продолжил како извршен директор.
Спорт
Фенербахче сака да го врати Фонтекио во Евролигата

Актуелниот шампион на Евролигата, Фенербахче, сака да го ангажира Симоне Фонтекио, актуелниот кошаркар на Мајами Хит и италијанската репрезентација.
Фонтекио е во НБА веќе неколку години, но би можел да ја напушти ова лето, бидејќи Мајами не смета на него.
Претходната година потпиша двегодишен договор вреден 16 милиони долари со Детроит, по завршувањето на сезоната беше трејдуван во Мајами, но би можел да биде отпуштен бидејќи франшизата не сака да плаќа данок на луксуз.
Тука Фенербахче ја гледа својата шанса.
Фонтекио ја напушти Евролигата и замина во НБА во 2021 година, а претходно го носеше дресот на Виртус, Олимпија, Реџана, Алба и Басконија.
Фонтекио би бил уште едено засилување на крилната позиција во Фенербахче. Тарик Биберовиќ, Бонзи Колсон и Онуларп Битим веќе аплицираат за таа позиција. Ова најверојатно би значело дека некој ќе се збогува со тимот од Истанбул во наредниот период.