Македонија
„Лајка“: КПУ Затвор – Шутка го вдоми напуштениот германски овчар кој нападна деца

Германскиот овчар кој нападна деца во скопската општина Аеродром откако го помина хуманиот третман во „Лајка“, денес беше вдомен од страна на директорот Филип Андов на КПУ Затвор Шутка – Скопје, за службените потреби на оваа институција.
„Кучето Кара го помина комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште откако претходно согласно записникот од извршен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и изввршена контрола во ЈП Лајка за заловеното куче по пријава за напад на деца, на 3.1.2021 (без микрочип на јавна површина), беше одреден карантин и изолација за набљудување во период од 8, 15 и 22.1.2021 година. За истото беше извршен клинички преглед од страна на ДВМ вработен во ЈП Лајка и беше издаден сертификат за беснило со кој НЕ СЕ УТВРДЕНИ ЗНАЦИ НА БЕСНИЛО НИТУ ДРУГИ ПРОМЕНИ“ соопшти „Лајка“.
По објавата за нејзиното вдомување, претставници од КПУ Затвор Шутка – Скопје поднесоа апликација за вдомување и закажаа термин за нејзина посета во прифатилиштето на ЈП „Лајка“.
Земајќи ги предвид природата и карактерот на расата германски овчар, која има одличен инстинкт, заштитнички карактер и светски рамки се обучува и тренира како службено куче за потреби на полицијата за обезбедување на објектите, истото е незаменливо помошно средство во бројни истраги, Кара од денес е официјално вдомена во рамките на оваа институција и ќе работи во служба на државата и граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.