Црна хроника
За еден ден во Центар се казнети над 90 возачи, 17 возеле пијани

Во текот на вчерашниот ден полицијата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возењето под дејство на алкохол на територијата на Центар, при што санкционирани се 94 прекршоци.
Од нив, 17 за возење во алкохолизирана состојба, 10 санкции за возење без возачка дозвола, една за нерегистрирано возило, 15 за некористење заштитна маска.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Центар натепана лекарка од Итна медицинска помош

Физички напад врз здравствен работник од млада скопјанка бил пријавен во полиција рано утринава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 2:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Д.Б., на возраст од 36 години од скопско Булачани, пријавила дека синоќа околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи во својство на здравствен работник во комбе од Итна медицинска помош, била физички нападната од 24-годишната И.Д. од Скопје, појаснуваат од МВР.
По целосно документирање на слуачјот, како што истакнуваат, ќе следува соодветн поднесок.
Македонија
Романец осомничен за тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
Осомничениот 41-годишник делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот. Потоа почнал да претура по полицата од дневната соба, ја отворил фиоката и одзел 2.500 денари. Така осомничениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износ од 11.500 денари, по што веднаш се дал во бегство.
Имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство и до Судот достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Кај осуденик во затворот во Идризово најдена марихуана

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против Р.А., 28-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи, на 4 јуни, затворската полиција извршила претрес во Казнено-поправната установа „Затвор – Идризово“, при што кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.