Спорт
Се смириле Рамос и Перез, капитенот ќе остане во Реал
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, бил чекор поблиску до потпишување на нов договор со клубот, тврдат шпанските медиуми.
Според овие извори, бил потигнат извесен напредок во преговорите и тоа на иницијатива на Рамос. Тој му се јавил на претседателот Флорентино Перез на 2.февруари, за да го праша за здравјето. Перез, беше позитивен на коронавирусот.
Тогаш тие двајца разговарале околу спорните прашања, поради кои Рамос одбива да го продолжи договорот.
Потоа, овие двајца имале уште еден разговор. Перез му се јавил на Рамос за да го праша каква е состојбата со неговото колено.
„Марка“, пишува дека овие разговори придонеле повторно да се воспостави линкот помеѓу двете страни и дека сега Рамос сака да остане во Мадрид. Сепак и Реал ќе мора да исполни барем едно од барањата на Рамос за да го задржи во своите редови. Според „Марка“, веројатно Рамос ќе добие двегодишен договор со плата од 10,2 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија го задржа 65-то место во светот
Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65-то место на ФИФА листата. Најновата листа, ФИФА, ја објави дена по завршувањето на квалификациите за пласман на Светското првенство.
Во ноември Македонија одигра два натпревари, одигра 0:0 во контролен натпревар со Летонија и доживеа дебакл во Велс (7:1), во последното квалификациско коло за пласман на Мундијалот.
Шпанија е сè уште лидер, Аргентина е втора, Франција е трета, следуваат Англија, Бразил (за две места погоре), Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска, која е десетта во светот.
Најдобариот пласман во историјата го бележи репрезентацијата на Косово – на најновата листа, таа е на 80-то место.
Во споредба со претходниот пласман, најголем скок забележаа репрезентациите на Малта, Узбекистан и Филипините, за дури пет места, додека селекцијата на БиХ, по одличните резултати во квалификациите, напредуваше за четири места и сега е на 71-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Чешкиот сојуз ги казни фудбалерите, а на Соучек му ја одзеде капитенската лента
Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Чешка (ФAЧР) објави дека репрезентативците нема да добијат бонус за победата против Гибралтар поради нивното однесување кон домашните навивачи по завршувањето на последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Исто така Извршниот комитет донесе одлука да му ја одземе капитенската лента на Томаш Соучек.
Пред два дена, фудбалерите на Чешка го победија Гибралтар со 6:0 во Оломоуц во последното коло од квалификациите за Групата Л за Светското првенство.
Чешка го освои второто место во групата со 16 бода и ќе игра во баражот за пласман на СП 2026 година.
Локалните медиуми објавија дека чешките фудбалери одбиле да одржат традиционален говор на благодарност до домашните навивачи по натпреварот против Гибралтар.
Навивачите на домашната репрезентација не беа задоволни од игрите на репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство.
„За жал, ставот на играчите целосно ги засени перформансите на теренот и фактот дека репрезентацијата се квалификуваше за баражот за Светското првенство во 2026 година.
Ниту еден од играчите не е над земјата, која имаат чест да ја претставуваат, а ниту еден од играчите не е над навивачите, кои ги издвојуваат своите ресурси, време и енергија за да ја поддржат чешката репрезентација“, се вели во соопштението на ФАЧР.
Навивачите имаат право да го изразат своето несогласување со незадоволителните настапи на репрезентацијата во последните натпревари, се додава во соопштението на ФАЧР.
„Реакцијата на играчите требаше да биде спротивна. Требаше да им се заблагодарат на навивачите. Не само за нивната поддршка на натпреварот со Гибралтар, туку и за нивната поддршка во текот на целиот квалификациски циклус за СП 2026. ФАЧР одлучи дека Томаш Соучек нема да биде капитен на следниот натпревар, а на играчите нема да им се исплаќаат бонуси за победата против Гибралтар. Овие средства ќе бидат донирани на оние на кои им е потребна помош. Им се заблагодаруваме на сите навивачи кои ја поддржуваат репрезентацијата“, се заклучува во соопштението на ФАЧР.
Спорт
Едер Милитао (повотрно) се повреди
Едер Милитао, 27-годишен бразилски фудбалер и одбранбен играч на Реал Мадрид, повторно се повреди, овој пат на пријателскиот натпревар против Тунис.
На натпреварот одигран во Франција, кој заврши без победник 1:1, Едер Милитао заработи повреда на аддукторскиот мускул и беше принуден да го напушти теренот по еден час игра.
Засега нема официјални информации од Реал за тоа колкава пауза го чека Бразилецот, а шпанските медиуми наведуваат дека, во најдобар случај, ќе биде надвор од теренот две, а во најлош случај, шест недели.
Самата повреда не треба премногу да ги загрижува челниците на Реал, туку фактот дека Милитао ја продолжи серијата повреди со кои се соочува во последните две години.
Едер Милитао пристигна во Реал од Порто во 2019 година, но во последните сезони почесто е на листата на повредени отколку на теренот.
Во последните две години, Едер Милитао двапати заработи сериозна повреда на коленото, а од август 2023 година, поради повреди пропушти повеќе од 200 дена. Милитао е многу важен во играта на Реал бидејќи уште еден искусен дефанзивец, Антонио Ридигер, е повреден и надвор од игра, а проблеми има и Дин Хаусен.
Foto/ EPA

