Спорт
Мбапе ќе остане во ПСЖ, но нема да го продолжи договорот
Килијан Мбапе донел одлука за својата иднина. Младиот напаѓач, според медиумите во Франција, ќе остане во ПСЖ и наредната сезона, а дури потоа како слободен играч ќе го напушти клубот.
Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до јуни 2022 година. Не е тајна дека Реал е заинтересиран за неговите услуги, исто како и Ливерпул и Манчестер јунајтед, но исто така не е тајна дека „кралскиот клуб“ е во финансиска криза.
Гледано од оваа перспектива, Реал нема 150 милиони евра, колку што се претпоставува дека ПСЖ ќе бара за својот напаѓач.
Мбапе има 22 години и пред него допрва доаѓаат најдобрите денови во кариерата. Поради тоа, тој во консултација со родителите решил да остане во Париз уште една година, а дури потоа да замине од „Паркот на принцовите“, каде што пристигна во 2018 година во трансфер вреден 180 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вељко Пауновиќ ќе биде новиот селектор на Србија
Вељко Пауновиќ ќе биде новиот селектор на српската фудбалска репрезентација. Иако нема потврда од куќата на српскиот фудбал, ниту од идниот селектор, „Спортклуб“, повикувајќи се на свои извори тврди дека двете страни постигнале договор.
Според овој извор, се очекува оваа информација официјално да биде потврдена во четврток.
Во мир, далеку од притисокот на јавноста, и со претходно зелено светло од Извршниот одбор на ФСС, генералниот секретар на Српскиот фудбалски сојуз, Бранко Радујко, во Мадрид, водел тивки преговори со единствениот сериозен кандидат. Конечно, по конкретни дискусии и решавање на посериозни пречки, позитивен одговор дојде од Шпанија.
Конечниот договор доаѓа пред дефинирањето на списокот за натпреварите со Англија и Латвија. Сепак според непотврдени информации, иако претставниците на ФСС, поточно генералниот секретар Бранко Радујко, ја застапуваа тезата за преземање на тимот веќе во претстојните натпревари, желбата на Пауновиќ била да започне нов мандат, однсно да го преземе националниот тим во јануари 2026 година.
Вељко Пауновиќ ќе биде 12-от селектор со полно работно време на Србија. Тој ќе го наследи Драган Стојковиќ на клупата, кој остави зад себе рекорден ангажман, кој траеше четири години и осум месеци.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Рома му се придружи на Наполи на врвот, Јувентус против Удинезе ја прекиан лошата серија
Јувентус, Рома и Комо забележаа победи во деветтото коло во Серија А.
Во првиот меч без Игор Тудор, Јувентус го победи Удинезе со 3:1. Јувентус, по осум натпревари во кои не знаеше за победа и четири без постигнат гол, дојде до четвртата победа во првенството.
Домашните играчи поведоа со голот на Душан Влаховиќ. Српскиот фудбалер беше прецизен од пенал во петтата минута. Ова беше прв гол за Влаховиќ по пауза од еден месец.
Израмнувањето дојде во судиското продолжение од првото полувреме, кога Николо Заниоло ја затресе мрежата на Ди Грегорио.
Решавачкиот момент се случи во 67-та минута, кога Федерико Гати со глава ја смести топката во мрежата по центаршутот на Камбијазо. Конечниот резултат го постави Јилдиз од пенал во 95-та минута.
По оваа победа, Јувентус скокна на шестото место со 15 бода, додека Удинезе остана на деветтото место со 12 бода.
Во следното коло, Кремонезе ќе биде домаќин на Јувентус, додека Удинезе ќе биде домаќин на Аталанта.
Рома за малку против Парма ќе направеа од готово вересија. Сепак, најважно за тимот на Џанпјеро Гасперини е што оствари уште една победа.
Рома ја победи Парма со 2:1 на Олимпискиот стадион.
Рома сега е изедначена на првото место со Наполи со 21 бод, додека Парма е на дното на табелата.
Рома можеше да поведе по првото полувреме од натпреварот, но голот на Суле беше поништен поради офсајд.
Сепак, Римјаните поведоа по 63-та минута од натпреварот кога Ермосо, по асистенција на Паоло Дибала, ѝ донесе водство на Рома.
Вториот гол за Рома го постигна Артјом Довбик во 81-вата минута.
Киркати ѝ даде надеж на Парма да избегне пораз, но бодовите останаа во главниот град на Италија.
Во следното коло, Рома ја чека дербито со Милан, а Парма ќе ја пречека Болоња.
Комо славеше како домаќин против Верона 2:1.
Дувикас го доведе тимот на Сеск Фабрегас во водство. Суат Сердар израмни, додека Стефан Пош му донесе на Кому три бода.
По девет кола, Комо е на четвртото место со 16 бода, додека Верона е на 17-то место.
Спорт
Работнички испушти предност од два гола против Арсими
Два натпревари во кои немаше победник го отворија 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига.
Арсими и Работнички ги поделија бодовите по возбудливо реми во натпревар во кој двата тима постигнаа по два погодоци. Средбата донесе динамична игра, многу возбудувања и четири гола.
Натпреварот започна со офанзивен ритам од двете страни. Во 7-та минута, Бешагиќ и Шефити комбинираа убаво, но ударот на Шефити заврши над пречката. Работнички ја имаше најдобрата шанса во 27. минута преку Кадриу но голманот Ислами одлично интервенираше и ја спаси својата мрежа.
Само три минути подоцна, Арсими возврати со опасен напад, кога Шефити шутираше силно од далечина, но голманот на Работнички повторно беше на висина на задачата. Предноста на романтичарите дојде во 40. Минута, Демир Имери со прецизен удар со десната нога го совлада голманот за 1:0. Само една минута подоцна, по центаршут од десната страна на Имери, Дрлевиќ ја погоди сопствената мрежа и зголеми на 2:0, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во вториот дел, Арсими почна многу поагресивно, барајќи го голот на надеж. Во 68. Минута Башким Велиу постигна вистински еврогол од околу 35 метри, намалувајќи на 2:1. Притисокот на домашните продолжи, а во 85. минута по голема мешаница во шеснаесетникот на Работнички, Албан Таипи се снајде најдобро и постигна гол.
Првично, судијата го поништи погодокот поради офсајд, но по консултација со ВАР-системот, голот беше признаен на радост на домашните играчи и публиката.
По ова реми, Арсими стигна до 12 бодови и се наоѓа на осмото место на табелата, продолжувајќи со позитивна серија. Работнички останува на десеттата позиција со само 7 бодови, продолжувајќи ја кризата на резултати.
Во истиот термин нерешено (1:1) заврши и дуелот меѓу Македонија ЃП и Башкими.
Табела:

Извор/ Фудбалска федерација на Македонија

