Македонија
(Видео) Кузеска : Сѐ е подготвено за почеток на вакцинацијата

Владејачкиот Социојалдемократски сојуз најави дека сѐ е подготвено за почеток на вакцинацијата во земјата и дека Македонија има пријатели, а тоа се покажало на дело преку првиот контингент вакцини што вчера пристигна од Србија.
„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, како и Министерството за здравство, во изминатиот период презедоа сериозни чекори во надминување на сите предизвици со масовната имунизација против коронавирусот. Навреме се набавија соодветни фрижидери за складирање на вакцините, беше направен прецизен план за вакцинација на населението и денес сè е подготвено за почеток на вакцинацијата“, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа потсети дека први ќе се вакцинираат здравствените работници, кои во изминатиот период се во првите борбени редови против Ковид-19.
Од СДСМ информираат дека според предвидената динамика, набргу се очекува да пристигнат и кинеските вакцини, со што засилено ќе продолжи вакцинацијата на населението.
Во однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Кузеска рече дека партијата предводена од Мицкоски за време на корона-кризата стоела настрана и се однесува деструктивно.
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се грижат за здравјето на граѓаните. Единствената нивна грижа е како да ја зачуваат фотелјата на Мицкоски, кој шест пати губи од граѓаните“, велат од партијата на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Зелен хуман град“ почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.