Македонија
Регистрирани нови 51 заболен од Ковид-19, починале девет
Во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj на Ковид-19, и тоа во:
Скопје 25
Прилеп 9
Кавадарци 7
Струмица 2
Струга 2
Куманово 1
Штип 1
Велес 1
Кочани 1
Кичево 1
Делчево 1
Починати се 9 лица – 3 пациенти од Прилеп, по 2 пациенти од Скопје и Тетово и по 1 починат е пријавен од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 до 87 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 308 оздравени пациенти, и тоа од:
Скопје 135
Охрид 36
Кавадарци 18
Струга 15
Велес 14
Прилеп 12
Битола 10
Крива Паланка 7
Тетово 6
Неготино 6
Штип 5
Струмица 4
Кочани 4
Дебар 4
Крушево 4
Куманово 3
Кичево 3
Гостивар 3
Свети Николе 2
Гевгелија 2
Берово 2
Пробиштип 2
Валандово 2
Македонски Брод 2
Радовиш 1
Виница 1
Кратово 1
Богданци 1
Демир Капија 1
Пехчево 1
Дојран 1
Досега во земјата се направени вкупно 487.716 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

