Црна хроника
Откриени и запленети 109 стебла „канабис сатива“

Министерството за внатрешни работи откри случај на неoвластено производство на марихуана, при што се запленети вкупно 109 стебла од растението „канабис сатива“.
Како што истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, по претходно добиено сознание дека во атарот на село Бадар, скопско, на десниот брег од реката Пчиња на три локации оддалечени по околу 15 метри една од друга, има засадено стебла со растението канабис сатива, се превземени соодветни мерки за откривање на лицата кои ги засадиле и одгледувале насадите со растението „канабис сатива“.
Насадите се откриени во среда, при што е констатирано дека дрогата е одгледува на површина од 400-500 м2. На лице место документирани се две лица, кои се лишени од слобода, и по извршеното легитимирање утврдено е дека се работи за А.Н. (31) и Љ.Д. (43), двајцата од Скопје.
На споменатата локација пронајдени се и одземени предмети со кои се вршело полевање на насадот. При извршените претреси на лицата како и во нивните домови и други простории пронајдени и одземени се: десет гранки од марихуана, целофанска кесичка со марихуана, полиетиленска кеса со семки од марихуана, полиетиленска кесичка со непознат прашок жолта боја, една тегла со цвет од марихуана, поголема полиетиленска кеса со марихуана, целофанско пакување со семки од марихуана и една полиетиленска кеса со НН прашкаста материја.
Против двете приведени лица ќе биде поднесена кривична пријава за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Дополнително, се утврдува и евентуална вклученост и на други лица во одгледувањето на дрогата. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.