Македонија
Мицкоски: Кога Заев и Бучковски преговараат со Бугарија, следува нова катастрофа
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со тековните преговори со Бугарија, истакна дека тие ќе водат кон нова катастрофа.
„Јас не сум слушнал дека најавил нов можен договор, во текот на вчерашниот ден слушнав дека планот на активностите практично бил готов, мислам дека македонската јавност заслужува да знае кој е тој план, но и активности бидејќи од самиот почеток велиме дека нов документ, нов договор или анекс на договорот или меморандум за разбирање или не знам поинаку како ќе го наречат Заев, Димитров и Османи е на маса и е на барање на нашиот источен сосед“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Треба што побргу вие како медиуми да ѝ го обезбедите на македонската јавност текстот на овој план за активности, да видиме што опфаќа затоа што, според нашите информации, покрај идентитетските прашања, кои ги опфаќаат македонската традиција, македонските обичаи, македонскиот јазик, македонската историја, македонските дејци, македонските револуционери, има многу и бизнис-работи што се дел од тој договор“, вели Мицкоски.
„Кога двоецот Бучковски – Заев преговара, тогаш се спрема нова катаклизма, нова катастрофа, економско цунами, но истовремено и национална катастрофа. Така што треба повторно да бидеме будни овој период да не го искористат овие двајца да го распродадат тоа што малку остана за државата“, заклучи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

