Спорт
Белоти е потцртан во тефтерот на Малдини за идната сезона

Калчолигашот Милан задутре го чека гостување во Белград против Црвена Звезда, но Управата на „Росонерите“ веќе наголемо ги прави плановите за идната сезона во која се надеваат дека ќе играат во Лигата на шампиони.
Се чини дека „црвено-црните“ немаат сериозни планови со ветеранот Марио Манџукиќ, па тргнаа во потрага по нов центарфор.
Постојат големи шанси партнер на Ибрахимовиќ да му биде голгетерот на Торино, италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти. Капитенот на помалку познатиот клуб од Торино досега беше мета на повеќе европски клубови, но секогаш ги отфрлаше понудите и остана верен на „биковите“.
Останува време да се види дали конечно Белоти ја надрасна средината.
#ACMilan aim for a return to the #ChampionsLeague and have reportedly targeted #Torino striker Andrea Belotti for next season. https://t.co/EL8b2Fmi0t#SerieA #UCL #UEL #SerieATIM #Rossoneri #Granata pic.twitter.com/GMyUOYPE11
— footballitalia (@footballitalia) February 16, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алонсо не сака да го поврзуваат со Реал

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо одби да ги коментира наводите на одредени медиуми дека тој на лето ќе стане тренер на Реал Мадрид и истакна дека не е време да се зборува за иднината.
Некои шпански и германски медиуми објавија дека Чаби Алонсо ќе го замени Карло Анчелоти на клупата на Реал на крајот од сезоната, пред почетокот на Светското клупско првенство.
„Ова не е добар момент да зборуваме за иднината. Се наоѓаме во исклучително важен период од сезоната. Не сакам да коментирам шпекулации. Најважно ми е што се случува сега и што го чека мојот клуб до крајот на сезоната”, изјави Шпанецот на денешната прес-конференција.
Чаби Алонсо (43) играше за Реал од 2009 до 2014 година, а медиумите долго време од лани пишуваат дека тој ќе го наследни Анчелоти.
Италијанецот има договор до јуни следната година, но повеќето медиуми веруваат дека тој ќе го напушти клубот во јуни.
Спорт
Ферстапен добил неверојатна понуда да го напушти Ред Бул

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, добил неверојатна понуда кариерата да ја продолжи во Астон Мартин. Доколку ја прифати ќе стане најплатениот возач во историјата на Формула 1.
Италијанската „Газета дело Спорт“ откри дека Астон Мартин на Холанѓанецот му понудил неверојатни 264 милиони евра за тригодишен договор.
Понудата ги опфаќа сезоните 2026, 2027 и 2028 година, а Астон Мартин очигледно нема намера да штеди пари кога е во прашање доведувањето на актуелниот шампион.
Според овој извор, зад оваа астрономска понуда стои државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија — Фонд за јавни инвестиции (PIF).
Овој фонд веќе поседува 20% од компанијата „Астон Мартин лагонда“, а преку нафтениот гигант „Арамко“ е и главен спонзор на тимот.
Договорот на Ферстапен со Ред Бул е до крајот на 2028 година, но одредени клаузули овозможуваат тој да биде и пред време раскинат.
Спорт
Во Реал можат да здивнат, Мбапе не е сериозно повреден

Повредата со која се здоби Килијан Мбапе на натпреварот против Арсенал не е сериозна. Тој ќе биде подгтовен за финалниот натпревар во Купот на кралот.
Французинот мораше да го напушти натпреварот во средата навечер поради повреда на скочниот зглоб. Реал загуби од Арсенал (1:2) и ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Мбапе е суспендиран за дуелот со Атлетик Билбао овој викенд, а ќе го пропушти и гостувањето кај Хетафе в среда, за да биде целосно подготвен за финалето од Копа дел Реј на 26 април.
Мбапе оваа сезона постигна 34 гола и имаше четири асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.
Финалето на Купот на кралот се игра на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја во сабота на 26 април од 22:00 часот.