Спорт
Мбапе со хет-трик на „Ноу Камп“ ја здроби Барса, Ливерпул за пет минути го доби Лајпциг

Килијан Мбапе постигна три гола во својот прв меч против Барселона, за да ги предводи Пари Сен-Жермен до неверојатна 4:1 победа на „Ноу Камп“ во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, додека Ливерпул за само пет минути во второто полувреме ги искористи грешките на Лајпциг и стигна до 0:2 победа во Будимпешта за ставање на крај на лошата серија пред реваншот на „Енфилд“.
Иако и во минатото се случувало ПСЖ да пропуштат ваква предност во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, „светците“, за кои покрај Мбапе блесна и Марко Верати, се огромни фаворити пред реваншот на „Паркот на принцовите“ по европското деби на тренерот Маурисио Почетино.
А, работите почнаа добро за Блауграна. Лионел Меси ги донесе во водство во 27. минута од мечот со гол од пенал, но веќе во 32. минута, Мбапе го постигна својот 21. гол во ЛШ за на полувреме да се отиде со израмнет резултат. Во второто полувреме, Мбапе повторно „удри“ на Каталонците во 53. минута, за Моисе Кин да зголеми на 1:3 само пет минути подоцна користејќи го „распадот“ во играта на тимот на Роналд Куман. Мбапе ја комплетираше маестралната партија во 85. минута за огромна победа на „светците“.
Фановите на Ливерпул, пак, по сите маки во Премиер лигата и лошата форма, имаат причини за радост, откако „црвените“ доминираа против бундеслигашот РБ Лајпциг, и усепаја за пет минути во второто полувреме да го решат победникот. Мохамед Салах во 53. минута и Садио Мане само пет минути подоцна донесоа драгоцена победа за кревање на моралот во тимот на Јирген Клоп.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Барселона – Пари Сен-Жермен 1:4
РБ Лајпциг – Ливерпул 0:2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Новата ѕвезда на Реал Мадрид ги шокираше навивачите со одговор на прашањето „кој е најдобар фудбалер во светот?“

Попладнево, Реал Мадрид официјално го промовираше најновото засилување и воедно ѕвездата на тимот, Аргентинецот Франко Мастантуоно, кој ветува светла иднина. Тој е поранешен играч на Ривер Плејт кој има само 18 години и е платен 45 милиони евра.
Сепак, за време на неговата презентација на прес-конференцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тој изненади со некои од одговорите што ги даде.
Неговиот одговор на прашањето кој е најдобриот фудбалер во светот привлече најголемо внимание.
„За мене, тоа е Меси. Јас сум Аргентинец и за мене тој е најдобриот во светот“, рече Мастантуоно, оставајќи многумина без зборови на „Бернабеу“.
Некои навивачи на Реал сигурно ќе му замерат, бидејќи во Мадрид е „забрането“ да се каже дека Меси е подобар од Кристијано Роналдо.
ФОТО/ EPA/Chema Moya/
Спорт
(Видео) Кошаркар од Филипини доживотно суспендиран поради ужасен удар

Мајк Сорела повеќе нема да биде дел од кошаркарските натпревари, по она што го направи на натпреварот од MPBL на Филипините.
Играчот на Ген Сан Вориорс, Мајк Сорела, го удри Јонас Тибајан толку силно за време на натпреварот против Миндоро Тамаравс што му нанесе сериозни телесни повреди. За дивјачкиот потег, Сорела беше казнет со 200 илјади филипински пезоси, што е околу три илјади евра, но што е поважно, тој е суспендиран доживотно. Ова значи дека никогаш повеќе нема да го видиме на кошаркарските терени.
Inacreditável o que aconteceu em um jogo de basquete nas Filipinas.
O jogador que sofreu a agressão, Jonas Tibayan, quebrou a mandíbula e sofreu uma concussão.
Michole Sorela, o agressor, foi banido pra sempre do basquete filipino. pic.twitter.com/sjN8NFsrum
— NBA da bad (@NBAdabad) August 13, 2025
На Тибајан му е скршена вилицата, има потрес на мозокот, а има и расекотини на усната. Тибајан може и да го тужи Сорела.
Спорт
Зголеми ја својата добивка за 1.000 отсто во „Моцарт“

Oд 15 август во Mozzart обложувалници е активен HAPPY HOUR БОНУС со кој може да освоиш дури десет пати поголема добивка на тикетот!
Бонусот важи за сите ИГРИ и за натпревари со квота 1.35 или поголема. Бонусот важи за елементарни тикети, а доколку на тикетот има натпревар со квота помала од 1.35, тикетот влегува во пресметката, но тој натпревар не влегува во пресметката за бонус.
Happy Hour бонусот важи во термините 9 – 11 ч. и 19 – 21 ч.
Посетете го најблиското Mozzart уплатно место, искористете го неверојатниот бонус и освојте за 1000% поголема добивка!
(ПР)