Свет
Американец го фалсификувал потписот на Обама на дозволата за оружје

Маж од американската сојузна држава Тенеси е уапсен кога наводно аплицирал за поседување пиштол со името на поранешниот претседател Барак Обама.
Роберт Халик (51) од градот Чатануга е приведен поради лажно сведочење, фалсификат и кражба на идентитет, пренесуваат американските медиуми.
Според информациите, Халик првин го користел сопственото име за да аплицира за дозвола за носење пиштол во Тенеси во ноември 2020 година, но бил одбиен.
Халик потоа се пријавил за дозвола вторпат испраќајќи пошта во формулар на 21 јануари користејќи го името „претседател Барак Х. Обама“ и фалсификувајќи го потписот на поранешниот врховен командант.
Против државниот закон е да се фалсификува име на лице на апликација за дозвола за оружје.
Халик во неколку наврати тврдел дека е Барак Обама на објавите на социјалните мрежи, кои датираат уште во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
пред еден месец, Судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителната купување на вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Турција: Уапсени 525 дилери со дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции низ Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следеа по шестмесечен „технички и физички надзор“ на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим откако му беше вграден пејсмејкер.
Во вторникот, Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави Анса.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика бројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува наскоро со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува Танјуг.