Македонија
Докторката што прва прими вакцина против Ковид-19: Се чувствувам одлично, безбедно
Докторката што прва во Македонија ја прими вакцината на „Фајзер“ за заштита од Ковид-19, по вакцинирањето, повика сите да се вакцинираат оти, како што рече, тоа е единствениот начин да се заштитиме. Вакцинацијата утрово почна во модуларната болница до Инфективната клиника, а се вакцинира здравствениот персонал токму од Инфективната клиника.
„Ја примив вакцината, се чувствувам одлично, безбедно. Секој од нас во оваа држава треба да прими вакцина по сопствен избор, кој сака на ’Фајзер’, кој сака друга, но тоа е единствен начин да се заштитиме. За 21 ден, ќе ја примам втората доза, закажан е терминот. Имунитетот се постигнува за две-три недели. Заштитната моќ на оваа вакцина е 95 отсто, се надевам дека ќе бидам во тие 95 отсто“, рече Добринка Наунова-Јовановска, примариус доктор инфектолог.
И главната сестра на Инфективната клиника, Габриела Темелковска, чие вакцинирање утрово се пренесуваше во живо, повика сите да се вакцинираат за побргу животот да се врати во нормала.
Министерството за здравство најави дека очекуваат дневно да се вакцинираат по 260 здравствени работници. Здравствените работници од другите градови треба да дојдат во Скопје за вакцинација оти распоредување на вакцините во другите градови е најавено по пристигнувањето нови количини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

