Свет
Неколку Израелци уапсени за наводен терористички напад врз Палестинци
Неколку Израелци осомничени за тероризам против Палестинци биле уапсени вчера од безбедносните сили и приведени на распит, но нивниот идентитет и други детали од истрагата не се објавени со судска наредба, се вели во полициското соопштение, пренесува „Хаарец“.
Детали за апсењата до кои дошле израелски извори велат дека меѓу осомничените има најмалку тројца на возраст од 18 и 19 години. За терористичките акти извршени од Израелците се вели дека биле насочени кон Палестинците и безбедносните сили.
Апсењата беа извршени во рамките на заедничката акција на Шин Бет и полицијата. Двајца од осомничените биле однесени на распит во областа на израелската полиција на Западниот Брег, а другиот го испрашува агенцијата за безбедност.
Наводните терористи биле приведени за вмешаност во повреда на петгодишно палестинско дете минатиот месец, како и за нелегално поседување оружје и за членство во терористичка организација, што е сериозно обвинение за кое ретко се обвинети Израелци.
Петгодишното палестинско дете доби рани на лицето откога израелски доселеници фрлале камења кон автомобилот со кој патувало кон Западниот Брег источно од Рамала.
Нападот се случил по ескалацијата на насилството на доселениците предизвикана од смртта на Ахувија Сандак, 16-годишник кој починал кога неговиот автомобил се превртел за време на полициска бркотница. Полицајците ги бркале Сандак и неговите пријатели, кои биле осомничени дека фрлале камења кон палестинските возила.
По смртта на Сандак, доселениците го насочија својот гнев кон Палестинците и кон израелските полицајци.
Истиот месец доселениците нападнаа и десетгодишно палестинско девојче од селото Мадама на Западниот Брег, јужно од Наблус. Девојчето било рането во главата и лицето.
Минатиот месец доселениците повикаа и на убиство на палестински возачи на автобуси на Западниот Брег. Расистички графити „Убиј ги арапските возачи“ се појавија во Моди’ин Илит, најголемата нелегална населба на окупираните палестински територии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.
Breaking: Multiple deaths after a plane crash at Statesville Regional Airport in North Carolina. WSOC, a local news channel, reports that NASCAR driver Greg Biffle owns the plane, although it is unclear if he was on board. pic.twitter.com/nzZMhSg1Tm
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 18, 2025
Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

