Вести
Најден мртов обвинителот кој ја обвини за заговор за терористички акт претседателката на Аргентина

Аргентинскиот обвинител Алберто Нисман, кој ги обвини претседателката Кристина Кишнер и министерот да надворешни работи Ектор Тимерман за заговор во врска со експлозијата во еврејскиот културен центар во престолнината Буенос Аиерес во 1994 година кога загинаа 85 луѓе, е пронајден мртов во својот стан неколку часа пред сослушувањето во Конгресот, пишуваат во понеделникот тамошните медиуми.
Ноќта кон понеделникот Алберто Нисман, обвинител за истрагата којашто беше отворена во 2004 година, е пронајден мртво во неговиот стан Пуерто Мадера, елитна населба во аргентинската престолнина Буенос Аирес.
„Настојуваме да ја одредиме причината за смртта. Можам да потврдам дека е пронајдено оружје со калибар 22 мм покрај телото. Смртта е предизвикана од истрел од огнено оружје“, изјави за медиумите обвинителка Вивиана Феин.
Според локалните медиуми, телото на Нисман било пронајдено во бањата од неговиот стан во понеделникот наутро. Како што изјави за локалната телевизија пратеничката Патрисија Булрич, парламентарците требало да се сретнат со обвинителот во понеделникот претпладне. Нисман требало да ги образложи во понеделникот попладне пред пратениците обвинувањата што ги покрена против претседателката, пренесува Reuters.
Минатата седмица Алберто Нисман побара отворање истрага против претседателката Кристина Кишнер поради попречување на работата на правосудните органи. Ги осомничи претседателката и министерот да надворешни работи Ектор Тимерман дека заговарале попречување истрага во полза на Иран, чии високи функционери ги гони аргентинското правосудство. Како што тврдеше Нисман, официјален Буенос Аирес ветил дека ќе ги ослободи иранските функционери за нападот од 1994 година, во замена за иранската нафта која на Аргентина ѝ е неопходна.
Нисман ги обвини Кишнер и Тимерман за заговор за „обезбедување неказнивост“ за Иранците, кои Аргентина ги обвинува за учество во експлозијата. Покрај тоа, Нисман се обрати до судот со барање за испрашување на претседателката и шефот на дипломатијата, како и замрзнување на нивниот имот од околу 23 милиони американски долари.
Покрај тоа, обвинителот обвини уште неколку аргентински политичари блиски до актуелната влада. Според него, тие биле посредници во преговорите со Иран, во кои Аргентина на Техеран му предлагала жито во замена на испорака на нафта, којашто е нужно неопходна за разнишаната аргентинска економија.
Владата преку министерот за надворешни работи Ектор Тимерман категорички ги отфрли обвинувањата на Нисман и тврди дека целта на неговата акција е да се дестабилизира владата девет месеци пред одржувањето на првиот круг од претседателските избор.
Во 1994 година, две години по нападот врз израелската амбасада во Буенос Аирес, во подметнувањето на експлозијата со којашто беше уништена зградата на еврејската организација AMIA при што се убиени 85 луѓе, а 200 беа повредени во центарот на аргентинскиот главен град.
Аргентина ги обвини за вмешаност во организацијата на најголемиот терористички напад во историјата на земјата повеќе високорангирани ирански функционери, вклучително и поранешниот претседател Хашеми Рафсанџани и седум поранешни владини функционери. Иранските власти секогаш жестоко ги негираат обвинувањата.
Претходно властите на Аргентина и Иран го ратификуваа Меморандумот за разбирање, со кој земјите се договорија за заедничка истрага на експлозијата. Против тоа остро реагираа претставниците на влијателната во Аргентина израелска заедница. Тие го нарекоа овој договор „неуставен“, кој го „обелува образот на иранскиот режим“ и „обезбедува неказнивост“ за организаторите на нападот, потсетува AFP./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.