Европа
Шведски здравствени работници добиле смртни закани поради пристапот кон пандемијата
Некои вработени во шведската Aгенција за јавно здравје, која одлучи за контроверзниот шведски модел за борба против Ковид-19, добиле закани.
Тие веднаш добиле полициска заштита, објави денеска шефот на агенцијата, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Шведскиот одговор на пандемијата беше поинаков од пристапот на повеќето земји во светот бидејќи држењето растојание и маските не беа задолжителни, туку сè беше препуштено на доброволна основа.
Во таа земја досега починаа повеќе од 12.500 луѓе, а бројот на смртни случаи на жител е поголем отколку во соседните нордиски земји, но сепак помал отколку во западноевропските, кои имаа строги ограничувачки мерки.
Големата смртност предизвика жестока дебата за тоа дали властите требало да воведат поостри мерки, а во центарот на вниманието беше водечкиот епидемиолог Андерс Тегнел.
„Ова отиде предалеку, да имаме и смртни закани, кои сега ги испитува полицијата“, изјавил шефот на Агенцијата за јавно здравје, Јохан Карлсон, за агенцијата ТТ.
Карлсон истакнал дека заканите почнале пролетоска.
„Заканите се насочени кон истакнати луѓе, а и во меѓувреме се зголеми бројот на заканувачки пораки. Ние ги примаме секој ден. Имаме луѓе што ги чува полицијата“, додал тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ги убил двајцата внуци, па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија
Трагедија се случи во мал шпански град кога пензионер ги уби своите двајца внуци на возраст од 10 и 13 години пред да се самоубие – два месеца откако сопруга и ќерката му загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.
Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.
Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во разни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.
Едното дете е убиено со огнено оружје, а другото се удавило.
Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, а другото се верува дека се удавило.
Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.
Неговата сопруга и ќерката, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот кога беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција „Тасс“ цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсегот“, ја цитира „Тасс“ изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од речиси 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.