Вести
Канадската полиција трага по лица кои на деца им делеле бонбони со жилети за Ноќта на вештерките

Полицијата од канадската покраина Онтарио трага по злосторници кои наполниле бонбони кои се подаруваат на деца за време на празникот Ноќ на вештерките со острици од скалпели и жилети, пренесе телевизијата CTV.
Првиот случај бил пријавен во градот Торолд во неделата, а вториот во понеделникот во Сент Кетеринс. Притоа во извештајот на телевизијата се истакнува во еден случај дете откако се вратило дома јадејќи чоколатце почувствувало нешто тврдо, а откако исплукало видело дека станува збор за жилет, дека во друг случај родителите во последен момент успеале да го извадат опасното чоколадо директно од устата на детето. Двете населби се наоѓаат во близина на познатите Нијагарини водопади во близина на границата со САД.„Ги повикувале жителите внимателно да ја погледаат содржината на чоколадните слатки кои ги добиле децата на Ноќта на вештерките, пред да им дозволат да ги изедат“, се наведува во цитираното соопштение на полицијата во Онтарио. Се апелира, исто така, доколку бидат откриени туѓи предмети во слатките, тоа веднаш да биде пријавено во полицијата.Во Канада, како и во САД, Ноќта на вештерките (Хелоувин) секогаш се празнува на 31-ви октомври, спроти Денот на сите свети. Се смета дека во Северна Америка овој празник го пренеле имигрантите од Ирска, каде што има вековни корени. Во суштината на празникот е паганското верување дека таа ноќ душите на покојните се враќаат во своите домови за да соберат „данок“ во вид на храна. Според традицијата, маскирани во различни костии, децата одат од врата на врата, и им се подаруваат слатки./крај/мф/сн
Извор: The Canadian Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.