Вести
Москва: Американското испраќање оружје на Украина ќе ја дестабилизира ситуацијата

Русија во четвртокот даде до знаење дека САД ќе ги прекршат меѓународните договори и ќе ја дестабилизираат ситуацијата доколку им испрати оружје на украинските сили лојални на прозападните власти во Киев кои се борат против рускојазичните бунтовници во источна Украина, откако претходно во средата заменикот на американскиот претседател за национална безбедност,Тони Блинкен во Сентот изјави дека Вашингтон неопходно мора да ја разгледа испораката на „смртоносно оружје“ за Украина за одбранбени цели.
„Едно од нештата коишто, се надевам, може да ги запре (Русите) да се размислат и ќе помогне да се воздржат од натамошни акции, е подобрувањето на способноста на украинските вооружени сили, вклучително и смртоносното оружје за одбрана. Токму тоа е причината зошто ние треба да ја разгледаме таа опција“, изјави пред сенаторите Тони Блинкен.
Американскиот претседател Барак Обама, својот досегашен советник за национална безбедност Тони Блинкен, неодамна го предложи за позицијата заменик државен секретар.
Портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич ја коментираше оваа изјава како многу сериозен сигнал.
„Доколку дојде до изменување на политиката (на САД во однос на испраќањето оружје на Украина), можеме да зборуваме за сериозен дестабилизирачки фактор кој може сериозно да влијае врз рамнотежата на воените сили во регионот“, изјави Лукашевич на прес-конференција во Москва во пресрет на посетата на Украина на американскиот потпретседател Џозеф Бајден.
„Тоа би претставувало директно кршење на постигнатите договори, вклучително и на договорите постигнати со американско учество“, истакна Лукашевич.
Во изминатиот период американската администрација во неколку наврати нагласуваше дека помошта од САД за Украина вклучува воена опрема но не содржи и оружје. Белата куќа, исто така, ја отфрли можноста за доставување смртоносно оружје за украинската армија во следниот период.
Во септември украинскиот претседател Петро Порошенко престојуваше во официјална посета на САД, при што побара испорака на оружје за украинската армија. Меѓународниот комите на американскиот Сенат потоа одобри предлог закон за воена помош од 350 милиони долари во 2015 година, вклучително и противтенковско оружје и беспилотни летала, и кој го одредува за Украина специјалниот статус на „главен сојузник на САД надвор од НАТО“. Овој нацрт закон, меѓутоа, сé уште не ги мина процедурите.
Вашингтон е силен поддржувач на новите власти во Киев кои дојдоа со мартовските безредија со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович, обвинет дека ја завртува земјата кон Русија. Оттогаш САД се активни во поддршка за Украина која се обидува со воена операција од април да ја поврати контролата во одметнатите рускојазични региони, а ја обвинува Москва дека со оружје и луѓе и пари ги помага проруските бунтовници што оваа го негира.
Обвинувајќи ја Русија за поддршката на бунтовниците, САД и Европската унија воведоа санкции против неа. Според последните податоци на ОН, во судирите во источна Украина досега загинале над 4.300 лица./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.