Спорт
Вардар со „колапс“ во второто полувреме, нов пораз од Сегед
Вардар пропушти да ја забележи само втората победа во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона, откако осум минути не постигна гол во второто полувреме за да ја „стопи“ предноста од првото полувреме и да загуби со 34:33 (17:19) на гостувањето кај унгарскиот Пик Сегед.
Вардар имаше одлично прво полувреме, во кое имаше водство од два гола, но потоа имаше „колапс“ на стартот на второто, кога Сегед направи предност од 6 гола, која потоа беше тешко да се надополни. Сепак, „црвено-црните“ успеаја да примораат интересна завршница, во која сепак, не успеаја да освојат поени.
Иван Чупиќ имаше 9 гола за Вардар, Стојанче Стоилов додаде 6, додека за Сегед блена Рихард Бодо со седум гола, а на голот беше одличниот Роланд Миклер, кој имаше клучни одбрани во второто полувреме.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Пик Сегед – Вардар 34:33 (17:19)
Кјелце – Елверум 39:29 (20:14)
Табела: 1.Кјелце 17, 2.Флензбург 15, 3.Мешков Б. 11, 4.ПСЖ 10, 5.Пик Сегед 10, 6.Порто 8, 7.Елверум 4, 8.Вардар 3
ГРУПА Б
Алборг – ППД Загреб 38:29 (22:14)
Табела: 1.Барселона 24, 2.Веспрем 17, 3.Мотор 12, 4.Алборг 12, 5.Кил 9, 6.Нант 8, 7.Целје 6, 8.Загреб 0
Lovro Jotic flying high for ? @HCVardar #MOTW presented by @iqoniq pic.twitter.com/SghV7aMND9
— EHF Champions League (@ehfcl) February 18, 2021
WATCH: Bodo coming up with the goods for @pickhandball #ehfel? pic.twitter.com/Ux8SLUJnE8
— EHF Champions League (@ehfcl) February 18, 2021
The keepers on ? tonight in the #ehfcl @Mikler16 showing us his best in #MOTW ⭐️@pickhandball pic.twitter.com/IH10s3jPGH
— EHF Champions League (@ehfcl) February 18, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock
Спорт
Јанис нема намера да си оди од Милвоки
Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, одлучи да стави крај на сите гласини за неговата иднина и јасно стави до знаење дека нема намера да побара трејд – ниту оваа ниту која било друга сезона.
Грчкиот ас истакна дека таков потег едноставно не е во неговата природа и дека никогаш нема да биде тој што ќе побара да го напушти клубот.
„Никогаш нема да има момент кога ќе излезам и ќе кажам: „Сакам трејд“. Тоа едноставно не е во мојата природа“, изјави Адетокумбо за „Атлетик“.
Иако Јанис долго време јавно ја нагласува својата лојалност кон Бакс, тоа не ги спречи разните приказни и шпекулации за неговата наводна желба да го напушти Милвоки и да се приклучи на тим што се бори за титулата. Бакс моментално се во одлична форма и имаат резултат од 16-21 по поразот од Голден Стејт, но 31-годишната суперѕвезда не ги прифаќа гласините дека не е среќен во Висконсин.
„Можам само да контролирам само она што јас го зборувам. Никогаш не сум покажал дека не сум посветен на овој тим. Ако имало момент на теренот кога сте помислиле: „Јанис повеќе не сака да биде тука“, сакам да ми го покажете тоа. Никогаш не сум дал таква изјава. Не разбирам зошто луѓето не веруваат во она што го кажувам“, рече двократниот МВП на НБА.
И ако тоа сè уште не е доволно јасно за некого, Антетокумпо дополнително нагласи дека нема намера да оди никаде и дека верува дека Милвоки има квалитет да ја сврти сезоната.
Спорт
Едвардс во друштво на Леброн и Дурант
Ентони Едвардс стана третиот најмлад кошаркар кој достигнал 10.000 поени.
Тој стигна до оваа бројка на само 24 години и 156 дена, на вечната листа пред него се само Леброн Џејмс и Кевин Дурант.
На оваа листа се и Коби Брајант, Лука Дончиќ, Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони, сите ја надминаа бројката од 10.000 поени пред да наполнат 25 години.
Едвардс има просек од 29,2 поени, пет скока и 3,8 асистенции по натпревар оваа сезона.
Во победата против Кливленд, тој учествуваше со 25 поени, седум скока и девет асистенции.

