Спорт
(Вознемирувачки) Фудбалер имаше напад на епилепсија на сред меч
Страшен призор забележан денеска во Италија. Фудбалерот на римски Лацио кој е на позајмица во тимот на Салернитана, Полјакот Патрик Џичек се сруши на теренот при една акција на противниците. Веднаш потоа загуби свест.
Актерите на теренот и членовите на двата стручни штаба веднаш втрчаа за да му помогнат, а набргу потоа со возило на брза помош беше однесен во болница.
Клупскиот лекар на Салернитана објави дека Џичек имал напад на епилепсија

Сето ова се случуваше на мечот против Асколи, во рамки на Серија Б.
На снимката која се појави на Твитер се гледа како Џичек паѓа на тревникот, се обидува да стане, но не успева. Се се случува без да има контакт со друг фудбалер.
Младиот полски фудбалер се освестил по некое време, а клупскиот лекар информирал дека слична ситуација му се случила и во текот на подготовките за сезонава.
Снимката може да биде вознемирувачка:
Cholera, dramatyczne sceny… pic.twitter.com/62WuPRzgTs
— Piotr Borkowski (@BorkowskiPiotr) February 20, 2021
Patryk Dziczek costretto ad abbandonare il campo a bordo di un'ambulanza a causa di un malore.
— US Salernitana 1919 (@OfficialUSS1919) February 20, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:

Спорт
Јан Облак во клубот 100
Голманот на Атлетико Мадрид, 33-годишниот Јан Облак, влезе во елитниот клуб на Лигата на шампионите во натпреварот против Галатасарај. Турскиот клуб и Атлатико одиграа 1:1, во седмото коло.
Облак, го одигра 100-ти натпревар во Лигата на шампионите. Тој стана првиот словенечки играч кој ја достигнал таа бројка во најелитното европско клупско натпреварување. Воедно тој е вториот фудбалер на Атлетико кој достигнал 100 натпревари за „јорганџиите“ во Лигата на шампионите, по капитенот Коке (108).
Исто така, Јан Облак стана петтиот играч со 100 или повеќе натпревари во Лигата на шампионите под водство на истиот тренер. Коке, како и Облак, го постигна овој подвиг под водство на тренерот Диего Симеоне.
Пред нив, легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гари Невил, влегоа во клубот 100 под водство на Алекс Фергусон.
Foto/ depositphotos

