Македонија
Регистрирани 254 нови случаи на Ковид-19, починаа 16 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.160 тестирања, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 111, Прилеп – 29, Кавадарци – 20, Охрид – 13, Неготино – 10, Битола – 9, Гостивар – 7, Куманово и Велес – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип, Струмица, Струга и Ресен – по 4, Кочани, Делчево и Виница – по 3, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево, Богданци – по 1.
Регистрирани се 151 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Велес – 17, Прилеп – 15, Тетово – 7, Куманово – 6, Крушево – 4, Гевгелија – 3, Битола, Кичево, Виница, Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Крива Паланка, Радовиш – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица. Починати се 5 пациенти од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.160 тестови преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-274, Биотек-263, Жан Митрев (Филип Втори)-137, Систина-234, Лаор–316, МАНУ-0, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-75, Ремедика-0, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 190, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 43342, активни 2973
Куманово 5451, активни 213
Тетово 5343, активни 234
Прилеп 5111, активни 483
Гостивар 3730, активни 122
Штип 3606, активни 98
Битола 3366, активни 140
Велес 3355, активни 227
Охрид 3131, активни 402
Кавадарци 3110, активни 486
Струмица 2661, активни 159
Струга 2355, активни 176
Кочани 1785, активни 48
Кичево 1758, активни 61
Гевгелија 1129, активни 134
Неготино 1112, активни 132
Свети Николе 1100, активни 24
Ресен 795, активни 68
Дебар 788, активни 43
Крива Паланка 785, активни 53
Радовиш 743, активни 40
Делчево 723, активни 233
Берово 634, активни 32
Пробиштип 530, активни 23
Виница 511, активни 22
Валандово 351, активни 23
Кратово 266, активни 33
Демир Хисар 258, активни 13
Крушево 253, активни 48
Македонски Брод 251, активни 7
Богданци 246, активни 22
Демир Капија 234, активни 33
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 9
Вкупно 99285, активни 6822
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.
Македонија
Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила во двата правци поради собраќајна незгода. Товарно моторно возило излетало од патот и на самиот пат има расврлани метални предмети кои ги превезувало, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
„Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши“: Тошковски во посета на Отсекот за оружје – Скопје и ОВР Гевгелија

Во рамки на денешните активности, министерот за внатрешни работи, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари посета на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје и на ОВР Гевгелија, при што одблиску изврши увид во тековното работење.
Посебно беше истакнато дека граѓаните од скопскиот регион, во споредба со останатите делови од државата, нешто подолго чекаат за издавање на одобренија и дозволи за оружје. Но, благодарение на соработката со судската власт, од денес е овозможена и електронска проверка во прекршочната евиденција на судовите. До вработените се дадени насоки во најкраток рок, хронолошки, да ги завршат сите преостанати проверки за лицата и да ги известат граѓаните за текот на постапките.
„Како резултат на макотрпната работа во изминатиот период, само оваа година низ државата се разгледани речиси 8.000 предмети – и од заостанатите од изминатите години и од новопристигнатите електронски барања. За споредба, она што е реализирано досега во 2025 година е четири пати повеќе од годишниот просек до 2023 година. Со новиот начин на работа се искоренува корупцијата во оваа област, која за жал беше многу изразена. Во таа насока, министерот апелира до сите граѓани да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши.“, потенцираше министерот Тошковски.
Во претстојниот период ќе се работи на надградба на дигиталната апликација, со што граѓаните ќе можат дел од доказите електронски да ги прикачат кон барањето, а единствено ќе биде потребно лично присуство само при подигнувањето на одобрението.
Министерот оствари работна посета и на ОВР Гевгелија, каде што со раководството разговараше за безбедносната состојба во регионот, кој е јужната порта на нашата земја и низ кој секое лето минуваат илјадници туристи.
Констатирано е дека безбедносната состојба е стабилна и дека во изминатиот период е забележано подобрување во речиси сите области на полициското работење.
„Цврсто верувам дека вистинската сила на полицијата лежи во партнерството, во блиската соработка со локалните структури и со самите граѓани. Само така можеме заеднички да обезбедиме мирна и безбедна средина за сите“, истакна министерот.