Македонија
(Видео) Заев: Не смееме да си дозволиме да останеме повторно без попис
Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со спроведувањето на претстојниот Попис 2021, претседателот на Владата, Зоран Заев потсети на важноста од спроведување на пописот.
Како што истакна тој, сите одговорни чинители во нашето општество, новинарите, граѓаните, политичките партии, пред сé и Владата се свесни за предизвикот со кои ќе се соочиме доколку повторно уште десет години останеме без потпис.
„Тоа не смееме да си го дозволиме“, рече премиерот Заев, и додаде дека ако сме држава која еве веќе 20 години нема попис, тоа треба да го направиме час поскоро.
„Јас сум убеден дека ќе имаме успешен попис, од 1 до 21 април, како што е предвидено. Затоа што Законот е согласно Еуростат и согласно и сите меѓународни стандарди. Се работи за статистичка операција, која конечно треба да ја завршиме. Секаков вид на блокирање, одвраќање на вниманието на граѓаните и ставање во неизвесност, воопшто не е патриотски чин спрема државата. Очекувам од најголемата опозициона партија, навистина будно да го следи процесот, да ги мотивира граѓаните сите да се попишат“, истакна премиерот Заев.
Во врска со предлогот за одложување, тој повтори дека на есен поради локалните избори е невозможно, а одлагање за следната година не е во ред, затоа што никој не може да предвиди што ќе се случи.
„Подготвено е се пописот да се случи оваа пролет. Верувам дека ќе преовлада трезвеноста, одговорноста и зрелоста кај сите граѓани но најмногу кај политичарите“, заклучи премиерот Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

