Топ
„Голф“ удрил во полицајка на автопатот Тетово-Гостивар

На автопатот Тетово-Гостивар во 2:30 часот по полноќ, на 20 февруари, се случила сообраќајна незгода во која 34-годишниот Т.Т. од Тетово управувајќи автомобил „голф“ со тетовска регистарација, удрил во полициска службеничка.
Како што информираат од МВР, „голфот“ најпрво удрил во полициски автомобил „шкода јети“, кој обезбедувал место каде претходно се случила сообраќајна незгода, а потоа и во полицајката.
Таа било итно пренесена во клиничката болница во Тетово каде и биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од тетовската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Е.Н. од село Велешта, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
фото: архива
Македонија
Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025, со намера да се стекне со противправна имотна корист, уверувал едно лице дека против него ќе биде поведена судска постапка доколку не исплати околу 1.500.000 денари.
Познавајќи го оштетеното лице од минатото, во повеќе наврати од различни телефонски броеви, претставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, преку пораки го контактирал осомничениот и ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него.
Оштетеното лице, во четири наврати на различни локации во Скопје, му ги дало на осомничениот побараните парични средства.
Јавниот обвинител донесе одлука да поведе истрага за изнуда, бидејќи од преземените дејствија на осомничениот произлегува дека тој користел сериозна закана да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. За ова дело е предвидена построга затворска казна која изнесува најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски.
Нема информации за повредени или настрадани лица.