Вести
НАТО разработува нови одбранбени планови во врска со политиката на Русија кон Украина
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека „руската агресија“ врз Украина, ја оправдува подготовката на „новите одбранбени планови“ во интервјуто што во неделата го објави францускиот весник Midi Libre.
„Ќе ги засилиме воените вежби и ќе подготвиме нови планови за одбрана. Руската агресија беше знак за тревога и го поттикна настанувањето на новите безбедносни ситуации во Европа“, изјави Расмусен за францускиот регионален весник кој излегува во Марсеј.„Тоа загрижува бидејќи мислам дека (рускиот претседател Владимир) Путин сака да воспостави сфера на влијание во соседството. Ќе ги повикам земјите членки на НАТО да ги зголемат своите издвојувања за одбраната. Во последните пет години Русија ги зголеми своите трошоци за одбраната за 50 отсто, а земјите од НАТО ги намалија во просек за 20 проценти. Тоа не е одржливо. Тенденцијата мора да се пресврти“, додава Расмусен.„Русија го смета НАТО за противник. Жал ми е што е така, бидејќи би морале да воспоставиме успешна соработка меѓу НАТО и Русија. Меѓутоа, мораме да се прилагодиме на новите околности“, вели Расмусен.Расмусен, исто така, ја допира во интервјуто и ситуацијата по трагедијата на малезискиот патнички авион во источна Украина. И покрај тоа што истрагата сѐ уште не завршена, генералниот секретар на НАТО ги прогласува проруските бунтовници „виновни за тоа што се случи“. Истовремено, генералниот секретар несреќата ја опишува како „воено злосторство“ и бара целосна меѓународна истрага.Овие изјави на челникот на НАТО доаѓаат по изјавите на британскиот премиер Дејвид Камерон кој во писмото упатено до челниците на другите 27 земји членки на Алијансата, објавено во саботата, во кое вели дека НАТО мора да ги преиспита своите „долгорочни врски“ со Русија и да ја подобри својата подготвеност брзо да реагира на секоја закана.Претходно на 22-ри јули, полскиот претседател Бронислав Коморовски се зазема за „јакнење на источните граници на Северноатлантскиот сојуз“ во присуство на колегите од осум земји од средна и од источна Европа кои се сретнаа во Варшава на консултации пред самитот на НАТО кој ќе се одржи на 4-ти и 5-ти септември во Велс, како и поради ситуацијата во соседна Украина./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.