Црна хроника
Вкупно 142 казни во Скопје за прекршоци во сообраќајот

Изречени се вкупно 142 мерки на возачи на територијата на Gрад Скопје кои ги прекршиле сообраќајните правила, соопшти Mинистерството за внатрешни работи.
Од таму известуваат дека по засилените акциски контроли во областа на сообраќајот за непочитување на брзина на движење, казнети биле 39 возачи, 11 казни се изречени за возење без возачка дозвола, а шест за технички неисправни возила за јавен превоз.
„Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, шест за минување на затворен семафор, пет за некористење сигурносен појас и 16 за непрописно паркирани возила“, велат од МВР.
Напоменуваат, дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот кон Скопје, во близина на Тетово.
Увид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Според првичните информации, до несреќата дошло при контакт меѓу патничко возило и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата загинати и повреденото дете излетал од патот.
Обвинителството презема дејствија за утврдување на причините и околностите на несреќата. Издадена е наредба за обдукција на починатите лица, а за возачот на автобусот е наредено испитување на евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции. Двете возила се одземени за технички преглед.
На лице место беше повикано стручно лице – сообраќаен вештак, а ќе биде изготвено и целосно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на собраните докази, фотодокументацијата и трагите подигнати од местото на несреќата.
Црна хроника
27-годишен гостиварец обвинет за објавување приватни фотографии и сексистички објави

МВР по неколкумесечна истрага откри и поднесе кривична пријава против 27-годишен маж од Гостивар, К.Н., кој на 28 февруари преку лажен профил на Инстаграм објавувал фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги прибавил без нивна согласност.
Објавите биле придружени со текстови со навредлива, сексистичка содржина.
Пријавениот признал дека ги злоупотребил личните податоци на девојките, а против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на лични податоци.
Лицето е повикано на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде што го признало делото.
Црна хроника
Го излажале дека ќе му транспортираат „мерцедес“ од Швајцарија: тетовец останал и без пари и без возило

Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово, 46-годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило дека е од Скопје и е претставник на фирма која вршела транспорт на моторни возила Швајцарија во Македонија.
Според пријавеното, во текот на овој месец, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лицето и се договориле да му транспортира возило „мерцедес“ од Швајцарија за сума од 1.000 евра.
Како што е пријавено, лицето му пуштило фактура и побарало од него парите да ги прати преку брз трансфер на друго лице.
Исто така, според пријавеното, откако лицето не го презело возилото и му биле наведувани различни причини затоа, тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.