Свет
Врховниот суд одобри да се објават финансиите на Трамп
Врховниот суд му одобри на Обвинителството да ги прибави даночните пријави и другите финансиски податоци на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Сето тоа е дел од кривичната истрага што се води против него.
Судиите го отфрлија барањето на Трамп за одложување на примената на судската одлука донесена на 7 октомври, според која на сметководствената компанија „Мазарс САД“ и’ е наредено да ги предадe материјалите и податоците на големата порота, свикана од окружниот обвинител Сајрус Венц од Менхетен, кој е од редовите на Демократската партија.
На Врховниот суд му беа потребни неколку месеци да се произнесе за случајот. Институцијата, во која има тројца судии назначени од поранешниот претседател, не се огласи за време на изборниот процес и периодот во кој Трамп поднесе приговори за поразот.
Таа тоа го стори еден месец по завршувањето на мандатот на поранешниот претседател, пренесува Гласот на Америка.
Случајот се однесува на даночните записи на Трамп како приватно лице и бизнисмен во последните осум години. Во врска со ова – обвинителите не обелоденија премногу информации.
Во едно судско досие во текот на изминатата година тие наведоа дека со право бараат пристап до записите поради, како што велат, извештаите во јавноста за можно значајно и долготрајно криминално однесување во организацијата на Трамп.
Дел од истрагата се однесува на исплати на актерка во индустријата за возрасни Сторми Даниелс и манекенката Карен Мекдугал, со цел да не ги откриваат деталите за наводната афера со Трамп за време на претседателската кампања во 2016 година.
Трамп негираше дека имал вонбрачни врски со нив.
Во јули 2020 година судиите на Врховниот суд го отфрлија аргументот на Трамп дека претседателот е имун на истрага додека е на функција или дека обвинителот треба да покаже поголем степен на потреба за обелоденување на даночните записи на шефот на државата.
Таа одлука беше поддржана од Нил Горсах и Брет Кавано, кои беа избор на Трамп за судии на Врховниот суд.
Дел од пресудата беше и одлуката за враќање на случајот во надлежност на судовите од пониска надлежност. Исто така беше одлучено дека податоците за даночните записи на Трамп нема да бидат објавени додека течат судењата пред тие судови.
Адвокатите на Трамп прибегнаа кон дополнителни аргументи објаснувајќи зошто податоците за данокот на Доналд Трамп не треба да се откриваат, но тие беа одбиени пред федералниот суд во Њујорк во редовна постапка и по жалба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

