Македонија
Регистрирани 509 нови случаи на Ковид-19, починаа 9 лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 354 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 198 , Куманово – 20, Прилеп – 18, Кавадарци – 17, Тетово – 14, Гевгелија – 11, Велес и Струмица – по 10, Гостивар – 8, Неготино – 6, Крива Паланка – 5, Радовиш, Берово и Дојран – по 4, Штип, Ресен и Виница – по 3, Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово – по 2, Кичево, Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица – 4 пациенти од Скопје (71, 66, 63, 55) и по еден пациент од Охрид (67), Куманово (68), Кочани (85), Делчево (61), Демир Хисар (84). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.813 теста преку: ИЈЗ – 364, ЦЈЗ Скопје – 69, „Авицена“ – 284, „Биотек“ – 235, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 143, „Систина“ – 229, „Лаор“ – 163, МАНУ – 0, Судска медицина – 11, ЦЈЗ Битола – 65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, ГАК – 0, „Синлаб“ – 80, „Ремедика“ – 35, ИБЗД Козле – 15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.113, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 7, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 43.695, активни 3.018
Куманово 5.462, активни 196
Тетово 5.356, активни 225
Прилеп 5.153, активни 492
Гостивар 3.737, активни 116
Штип 3.613, активни 98
Битола 3.376, активни 146
Велес 3.374, активни 218
Охрид 3.158, активни 405
Кавадарци 3.158, активни 466
Струмица 2.661, активни 147
Струга 2.367, активни 164
Кочани 1.792, активни 51
Кичево 1.759, активни 61
Гевгелија 1.138, активни 128
Неготино 1.129, активни 131
Свети Николе 1.102, активни 21
Ресен 799, активни 69
Дебар 788, активни 43
Крива Паланка 796, активни 57
Радовиш 744,активни 34
Делчево 727, активни 190
Берово 638, активни 27
Пробиштип 533, активни 23
Виница 512, активни 20
Валандово 353, активни 20
Кратово 269, активни 33
Демир Хисар 260, активни 12
Крушево 260, активни 55
Македонски Брод 252, активни 7
Богданци 249, активни 23
Демир Капија 235, активни 28
Македонска Каменица 193, активни 4
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопштуваат од Авто-мото Сојуз на Македонија. Дополнуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Појава на магла и намалена видливост до 100 метри има на планинските премини Ѓавато и Стража.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
-Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сезонски режим на сообраќај има на патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде што од од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Тошковски вели дека Безбеден град не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок
Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Фејсбук објава, информирајќи дека денеска бил на терен, на локација, каде што се спроведува финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци како дел од проектот „Безбеден град“.
Тој нагласи дека во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.
Во првата фаза, додава Тошковски, камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, вели министерот, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки.
-Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи, нагласи Тошковски.
Македонија
Од ноќеска обилни дождови
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат пообилни – над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините, врнежите ќе бидат од снег, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
– Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопштија од УХМР.
За во Скопје, најавено е утре, почнувајќи од утринските часови, да има повремени врнежи од дожд, што попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни. Се очекува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

