Регион
Белград и Приштина постигнаа договор за телекомуникации

Преговарачките тимови на Белград и на Приштина постигнаа во вторникот договор во Брисел со кој на Србија и се овозможува да има телекомуникациска компанија на Косово, известија српските медиуми.
Преговарачките тимови на Белград и на Приштина постигнаа во вторникот договор во Брисел со кој на Србија и се овозможува да има телекомуникациска компанија на Косово, известија српските медиуми.
На состанокот на делегациите кои ги предводат премиерите на Србија Александар Вучиќ и на Косово Иса Мустафа, договорено е косовските Срби да можат да ги користат телефонските услуги исто како што ги користат жителите на централна Србија.
„Добра вест е дека прашањето за телекомуникациите е решено. Ние по ова прашање сме исклучително задоволни. Србија ќе има своја компанија на просторот на Косово и ќе може да ги користи телефонските услуги како и досега, по ист систем на тарифирање и начин на бирање на броевите како во централна Србија“, рече генерал Драган Владисављевиќ, в.д. директор на бирото за координација во преговорите со Приштина.
Овој договор, сепак, нема да биде потпишан се додека не биде постигнат договор и за останатите точки за кои во Брисел уште се преговара. На дневен ред се формирањето на заедница на српски општини, енергетиката и слободата на движење преку мостот Ибар во Косовска Митровица.
Се очекува дека ќе биде најтешко да се постигне компромис за енергетиката, бидејќи Приштина бара сопственост на целиот дистрибутивен систем, што е за Белград неприфатливо, со оглед дека дел од комплексот на хидоренергетскиот комплекс Газивода на северот на Косово во голем дел се наоѓа ма територијата на Србија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Газа загина бугарски државјанин, вработен во Обединетите Нации

Бугарски државјанин, вработен во Обединетите нации, е убиен денеска во Појасот Газа, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на првични информации.
Министерството извести дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе добијат известување за исходот од истрагата за околностите на инцидентот спроведена од надлежните органи.
Шефот на бугарската дипломатија телефонски разговарал со својот израелски колега Гидеон Сар, кој им изразил сочувство на роднините на загинатиот Бугарин, објаснувајќи дека според досегашните податоци на израелските одбранбени сили, трагичниот инцидент во Газа не е поврзан со нивните акции на копно, воздух или вода.
Обединетите нации повикаа на истрага за нападот на две локации на ОН во Газа, за кој ОН соопштија дека уби еден од персоналот, а рани пет други.
„Генералниот секретар најостро ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага. Тој нагласува дека сите конфликти мора да се водат на начин кој гарантира почитување и заштита на цивилите“, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар Фархан Хак на прес-конференција.
Регион
Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ, констатирана е оставката на Вучевиќ

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека рокот за формирање нова влада почнува утре, 20 март, и изјави дека, според законот, новата влада треба да биде формирана до 18 април на полноќ.
Брнабиќ рече дека доколку до 18 април на полноќ не се формира нова влада, претседателот е должен да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори.
Таа на прес-конференција во српското Собрание, по седницата на која беше констатирана оставката на премиерот Милош Вучевиќ, рече дека со констатацијата на оставката во парламентот и официјално е завршен мандатот на владата.
„Српскиот парламент, во согласност со член 132 од Уставот, ја призна оставката на премиерот, а со тоа и официјално заврши мандатот на Владата на Милош Вучевиќ. Од утре, 20 март, почнува рокот за формирање нова влада“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека, според Уставот, процедурата сега ја презема претседателот на Републиката, кој треба да предложи нов мандатар.
„Крајниот рок за формирање нова влада е 18 април на полноќ. Вучиќ треба да предложи мандатар, а мандатарот на Собранието да ги предложи програмата на новата влада и предлогот на членовите по што пратениците ќе се изјаснат за своите ставови“, изјави Брнабиќ.
Таа посочи дека доколку до тој рок не се избере нова влада, претседателот е должен да го распушти Собранието и да распише избори.
Како што наведе таа, изборите треба да се одржат од 45 до 60 дена од денот на распишувањето, што во овој случај би било почетокот на јуни.
Регион
Пленковиќ: Можеме да обезбедиме дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна

„Најпрвин да изразиме сочувство до семејствата и до Македонија за оваа голема трагедија во Кочани. Досега пет пациенти се префрлени од Северна Македонија во Хрватска“, рече премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Како што рече, остануваат подготвени и може да помогнат да обезбедат дополнителна помош доколку македонските пријатели проценат дека им е потребна.
„Попладнево, во Загреб ќе престојува и министерот за надворешни работи и заедно со министерот Хрстиќ ќе ги посети пациентите“, додаде Пленковиќ.