Спорт
Што би правеле без него? Меси со два гола сам го победи Елче
Лионел Меси го помина својот поранешен соиграч Луис Суарез на листата на стрелци во шпанската Ла Лига постигнувајќи го својот 17. и 18. гол во 2020/2021 за да ги предводи Каталонците до тешка 3:0 победа над Елче.
По првото полувреме без голови, капитенот во 48. минута со одлично проигрување на Мартин Брејтвајт ја помина целата одбрана на гостите за да постигне гол, а во 69. минута да добие убава топка од Френки де Јонг за 2:0. Ако тоа не беше доволно, тој ја инспирира и акцијата за 3:0 нафрлајќи за Жорди Алба да постигне гол во 73. минута.
Иако ова беше одложен натпревар од првото коло во Ла Лига, Барса сега е трета со 50 поени, два помалку од второпласираниот Реал Мадрид (со ист број одиграни натпревари) и пет зад лидерот Атлетико (со натпревар помалку). Елче останува претпоследн со 21 освоен поен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Струга Трим Лум спогодбено се раздели со тренерот Дуро
Извор/ facebook.com/Fcstruga
Актуелниот македонски шампион, Струга Трим Лум, на три кола до крајот на сезоната се раздели со тренерот Шпетим Дуро.
Стружани, во изминатиот период играа во променлива форма, а вчера во 30.коло доживеаја пораз од Тиквеш во Кавадарци (3:2). Овој пораз му пресуди на Дуро, кој со клубот договорил спогодбен раскин на соработката.
„ФК Струга му се заблагодарува на Дуро за придонесот во периодот додека го водеше нашиот тим во домашното првенство и европските натпреварувања, му посакуваме и многу успеси“, стои меѓудругото во клупското соопштение објавено на „Фејсбук“.
Во последните три кола Струга, Шкупи и Шкендија влегуваат со по 58 бода.
Спорт
(Видео) ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите
Извор / facebook.com/fcshkupi1927
Шкупи, вечера во 30.коло доживеа пораз во Гостивар (2:0). Клубот изрази незадоволство од судењето, со тврдење дека неколку пати сезонава клубот бил жртва на судиските грешки. Во Шкупи се сигурни дека вчера против Гостивар им бил поништен регуларен гол при резултат 1:0.
Шкупи и покрај поразот се уште е во трка за шампионската титула. Шкендија, Струга и Шкупи во финишот на сезоната влегуваат израмнети со по 58 бода. Во наредното коло, Шкупи ќе го пречека директниот конкурент, Шкендија.
„Како може да се направат толку многу грешки против една екипа?
Секоја недела доживуваме различни грешки од судиите. Секоја недела некој излегува и ни ги краде бодовите.
Ова не е случајно. Тоа се планирани и програмирани акции насочени кон саботирање на нашиот успех. Инаку, како може да се направат толку многу грешки против една екипа?
Секоја недела се соочуваме со различни и валкани трикови и се обидуваме сами да се бориме. За жал, видовме дека Шкупи е осамен тим и ова им дава можност на сите.
Тие што се појавуваат во близина на Шкупи всушност стојат пред Шкупи. Дали тимот може да губи бодови на секој натпревар поради судиски грешки или надворешни фактори? За жал, ова се случува во нашите натпревари.
Ниту политичарите кои тврдат дека се скопјани, ниту оние кои раководат со фудбалот не покажуваат никаква реакција на оваа ситуација, на овие отворени, свесни и намерни валкани напади и постапки, додека ние чекориме сами по овој пат.
Овој театар, оваа валкана игра е многу досадна. И да сме сами, оваа борба ќе ја водиме до крај, не е важно против кого е. Ќе се бориме за работата на нашите фудбалери, за нашата работа, за фудбалот, за амблемот Шкупи, за екипата на Шкупи. Сега се е јасно, јасно е што сите сакаат да прават.
Сега знаеме се, свесни сме за се и имаме се во нашиот тефтер“, објави клубот од Чаир на својот профил на сицијалната мрежа „Фејсбук“.
Спорт
Себаљос го напушта Реал, се договорил со Атлетико
Дани Себаљос по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Шпанските медиуми тврдат дека тој карирата ќе ја продолжи во Атлетико, градскиот ривал на Реал.
Себаљос, во Реал пристигна во 2017 година, како МВП на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Но, во конкуренцијата каква што владее во Реал, во редт за врска, не успеа да се избори за место во тимот.
Реал го испраќање на позајмици, најпродуктивен беше во Арсенал, но „тобџиите“ сепак не го откупија неговиот договор.
Оваа сезона, тренерот Карло Анчелоти воопшто не смета на него. Минатиот петок го започна натпреварот против Реал Сосиедад, откако претходно во целата сезона одигра само пет минути во првенството.
Незадоволен од статусот и по разговорот со Анчелоти, добил дозовола да го напушти клубот.
Шпанските медиуми тврдат дека тој веќе се договорил со Атлетико. Сега челниците на „јорганџиите“ ќе треба да се договорат со реал околу обесштетувањето. Се шпекулира дека сумата би требала да биде помеѓу 8 и 10.000.000 евра.
Низ историјата ретки се трансферите на реалција Реал-Атлетико и обратно. Последен таков трансфер се случи во 2019 година, кога Маркос Љоренте за 30.000.000 милиони евра од Реал се пресели во Атлетико.