Спорт
Бекенбауер куртули во истрагата за корупција, предметот е застарен

Етичкиот суд на ФИФА ја затвори истрагата за корупција против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер откако предметот застари, потврдија од светската куќа на фудбалот.
Бекенбауер како лидер на успешната кандидатура на Германија за СП во 2006 година уште во 2016 година беше обвинет дека му исплатиле 10 милиони швајцарски франци на Мохамед бин Хамам од Катар за гласови за изборот. Покрај Бекенбауер, ослободени од обвиненијата се и Тео Цванцигер и Хорст Шмит.
Швајцарските федерални обвинители исто така го истражуваа случајот, но судењето колабира минатиот април исто така поради застарување на делото. Бекенбауер не беше обвинет таму поради здравствени причини.
75-годишниот Бекенбауер стана првиот фудбалер што како капитен и селектор освои титула од Светското првенство предводејќи ја Западна Германија до титулата во 1974, пред во 1990 да ја освои титулата како селектор на обединета Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Оставката на Пикси е прифатена, Зоран Мирковиќ ќе ги предводи Србите против Андора

Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Лесковац. Пикси нема да патува со тимот во Андора.
Тимот ќе го предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата репрезентација. Тој веќе се приклучи на тимот во Ниш заедно со стручниот штаб.
„По поразот на репрезентацијата од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка од својата функција и нема да патува со екипата на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора. В.Д. предводник на српската репрезентација во следниот квалификациски натпревар за Светското првенство ќе биде стратегот на нашата млада селекција, Зоран Мирковиќ, кој веќе се приклучи на репрезентацијата во Ниш во недела наутро, заедно со членовите на стручниот штаб Страхиња Пандуровиќ, Лазар Томиќ, Александар Кировски, Дејан Одавиќ и Богдан Милиќевиќ“, се вели во соопштението на ФСС.
Извршниот одбор на ФСС ќе се состане во петок, 19 октомври. Тогаш ќе се одлучи кој ќе го наследи Стојковиќ. Засега главен кандидат е Вељко Пауновиќ, иако постои можност и Зоран Мирковиќ да продолжи како селектор на сениорскиот тим на Србија.
Спорт
Покоњоли е нов тренер на Монако

Францускиот клуб Монако, го назначи 38-годишниот поранешен белгиски репрезентативец Себастијан Покоњоли за нов тренер на тимот. Тој го наследува Австриецот Ади Хутер, кој го напушти клубот на 10 октомври, соопшти официјалниот сајт на клубот.
Како играч, Покоњоли настапуваше за Генк, АЗ Алкмар, Стандард, Хановер, Вест Бромич Албион, Брајтон и Унион Сен Жил.
По завршувањето на играчката кариера, тој започна тренерска кариера со младинскиот тим на белгискиот Унион Сен Жил во 2021 година. Потоа работеше со младинските тимови на Генк и белгиската репрезентација до 18 години.
Од летото 2024 година, Покоњоли беше старши тренер на првиот тим на Унион Сен Жил, а сега го презема предизвикот во Монако.
Спорт
ВИДЕО: Рубен Невеш го посвети голот на трагично загинатиот пријател Диого Жота

Фудбалската репрезентација на Португалија стигна до драматична победа со 1-0 против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Голема улога имаше Рубен Невеш од Ал-Хилал, кој постигна победнички гол во 91. минута.
Претходно, Кристијано Роналдо промаши пенал, што ја зголеми тензијата на теренот.
Oh my world Ruben Neves has killed the Irish hopes! Portugal beats Ireland in stoppage time #PORIRE pic.twitter.com/yNov95PeJZ
— The Final Whistle (@Rufus_45) October 11, 2025
Но, најемотивниот момент следеше по голот на Невеш. Камерите го уловија како го слави погодокот, а на неговата нога се гледаше тетоважа со ликот на починатиот Диого Жота, кој трагично загина во јули.
Сцената го трогна целиот стадион и навивачите пред телевизиските екрани. Минути порано, во 21. минута, фановите веќе му оддадоа почит на Жота со бурни аплаузи.