Црна хроника
Возило излета од патот, тројца повредени на патот Куманово – Свети Николе
Вчера во 16:20 часот било пријавено дека во Куманово, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица: сообраќал на линијата Истанбул – Гостивар
Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.
Имено, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектираа автобус што сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес.
Во пределот за багаж е пронајдена црна торба, во која во 9 пакетчиња обвиени со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот, кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување, по откривање на златото, потврдил дека торбата е негова.
„Нашите царински службеници се грижат за забрзан транспорт на легална трговија, но истовремено ги штитат приходите на државата спречувајќи шверц и криминал. Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари“, велат од Царинската управа.
Случајот е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото во согласност со законот ќе биде предадено во Народната банка.
Црна хроника
Се јавувале на мобилни телефони и лажно нуделе поевтини градежни материјали: кривична за три лица
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б. А. (37) од Скопје, А. В. (33) и И. С. (37), двајцата од Пробиштип.
Тие се сомничат за сторени повеќе кривични дела измама.
Имено, во текот на јануари и февруари оваа година се јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени.
На тој начин пријавените стекнале противправна имотна корист од 281.600 денари.
Црна хроника
Жена од Охрид претепана од две лица
Вчера, во 17.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во близина на деловен објект во кој работела, по завршување на работното време, В. Н. (50) од Охрид била физички нападната од Н. М. и уште едно лице.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, соопшти полицијата.
Според надлежните, се очекува да биде поднесена соодветна пријава.