Регион
Во Хрватска 505 новозаразени со коронавирус, 14 починати

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 505 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 14 лица починаа.
Бројот на активни случаи е 3046. Во последните 24 часа биле тестирани 5071, а вкупно биле тестирани 1.332.840 лица.
Во болниците има 780 лица, додека 73 се приклучени на апарати за дишење.
Во изминатите 24 часа во болницата се примени 54 пациенти и 54 се отпуштени, 378 лица закрепнале.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, починаа 5.503 лица. Просечната возраст на починатите е 75 години, тие се лица со повеќе коморбидитети.
Владата најави дека некои од епидемиолошките мерки ќе бидат релаксирани од понеделник. Дозволени се тренинзи во затворени простории, угостителите ќе можат да ги отворат терасите со растојание помеѓу масите од три метри. Музика не смее да се пушта, а работното време ќе биде до 22 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.