Македонија
Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски
Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен предлог. Обвинителката Ленче Ристоска кажа дека тоа го предвидува Кривичниот законик. Адвокатот Љупчо Шврговски, кој е застапник на Мијалков, вели дека притворот е донесен спротивно на законот. За казната, Шврговски смета дека е драконска.
„И сами слушнавте. Сметам дека е драконска казната. Нема да најдете ни една пресуда каде има максимална казна за секое дело. Во однос на одлуката на судот за ефективниот притвор, сметаме дека е спротивна на закон. Не постои можност да се даде во бегство. Максимално може да биде 60 дена во притвор, освен ако Апелација одлучи пред истекот на тие 60 дена”, рече Шврговски.
Обвинителката Ристоска, спротивно на адвокатот, вели дека треба да се размисли за менување на законите со цел притворот да биде и подолг.
„Согласно кривичните дела кои му се ставаа на товар и тоа што можеше да биде исполнето како битие на кривичните дела, согласно Кривичниот законик, се води скратена кривична постапка по обвинителен предлог, каде роковите за притвор се навистина кратки. Поради тоа по објава на пресудата максималната должина на притворот е до 60 дена. Сметам дека овој случај треба да поттикне дебата во правната јавност за во ситуации кога имаме во скратена постапка повеќе кривични дела – да се размисли дали можеби комулацијата на казните треба да се третира како основ за определување на подолг притвор”, рече Ристоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

