Спорт
Батлер и Драгиќ ја запреа Јута, победија и Лејкерси

Мајами Хит славеа победа во дуелот со Јута Џез 124:116. Изминатата ноќ во НБА лигата, победи забележаа Сакраменто, ЛА Лејкерс, Голден стејт Вориорс, Оклахома Тандер, Финикс Санас, Торонто Репторс и Бостон Селтикс.
Мајами славеа во дуелот со најдобриот тим во лигата, благодарение на Џими Батлер и Горан Драгиќ. Батлер Јута ја почести мсо 33 поени, а ветеранот Драгиќ влегувајќи од клупата постигна 26 поени. За Јута ова беше третиот пораз на последните 25 натпревари. Џезерите ги предводеше Донован Мичел со 30 поени.
ЛА Лејкерс ја прекинаа серијата од четири порази, со победата над Портланд 102:93. Леброн Џејмс доминираше кај Лејкерси со 28 поени, 11 скокови, 7 асистенции, 4 украдени топки и 3 блокади. Придонес во победата дадоа и Шридер со 22 и Херел со 17 поени.
Демијан Лилард го предводеше Портланд со 35 поени.
Голден стејт Вориорс им се реваншираа на шарлот за поразот од пред неколку дена. Вориорс, благодарение на Дрејмонд Грин, славеа победа со 130:121. Грин забележа трипл-дабл со 11 поени, 12 скока и дури 19 асистенции. Вориорс ги предводеше Стеф Кари со 29 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Одбраната на трофејот во Купот Вардар ќе ја почне против Новаци
Фудбалскиот клуб Вардар одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја започне на домашен терен против Новаци.
Во Куќата на фудбалот со ждрепка беа одредни осминафиналните двојки. Се игра еден натпревар, а термините се 24.09.2025 и 29.10.2025.
Осминафинални двојки во Купот на Македонија:
Македонија ЃП – Струга Трим Лум
Охрид Лихнидос – Шкупи 1927
Вардар – Новаци
Башкими 1947 – Силекс
Шкендија – Тиквеш
Работнички – Брегалница 2008
Шкендија Арачиново – Пелистер
Беласица – Детонит Плачковица
Спорт
Парти инсистира дека е невин по обвиненијата за силување

Фудбалерот на Виљареал, Томас Парти, претпладнево се изјасни за невин кога се појави пред судот во Лондон, по обвиненијата за силување и сексуален напад.
Парти беше обвинет по пет точки за силување и едно обвинение за сексуален напад, поради спорни настани во 2021 и 2022 година. Обвиненијата се однесуваат на три жени.
Парти во тоа време беше член на Арсенал, а веќе една година англиските медиуми пишуваат за овој случај.
„Топџиите“ не го продолжија договорот со 32-годишникот, па тој го напушти клубот како слободен агент и се пресели во Шпанија со одобрение на судот.
Според условите што ги постави судот, Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени, мора да пријави каква било промена на адресата во полиција и мора редовно да одговара на судските покани за сослушувања. Следното е закажано за 2 октомври.
Фудбалерот ги негира сите обвинувања.
Парти синоќа играше за Виљареал, против Тотенхем во првиот натпревар од Лигата на шампионите, на тереното влезе во 78-та минута, но не можеше да го спречи поразот на „Жолтата подморница“.
Парти е роден во 1993 година во Гана, а на 19-годишна возраст дојде во шпански Леганес. Набрзо се пресели во Атлетико Мадрид, во чиј прв тим беше од 2015 до 2020 година, исклучувајќи ги позајмувањата во Мајорка и Алмерија.
Тој беше член на Арсенал од летото 2020 година, кога клубот за неговиот трансфер на Атлетико му плати 50 милиони евра.
Foto/ EPA
Спорт
Јамал ќе го пропушти натпреварот во Њукасл

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, ќе го пропушти натпреварот на Барселона против Њукасл јунајтед во Лигата на шампионите во четврток на „Сент Џејмс Парк“ поради повреда на препоните, објави шпанскиот клуб.
Јамал се повреди додека играше за националниот тим, а тренерот на Барселона, Ханси Флик, жестоко го критикуваше селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, дека во репрезентацијата не се грижеле за 18-годишникот, кој ја пропушти и победата во Ла Лига против Валенсија викендот.
Јамал постигна два гола и имаше три асистенции во три натпревари одиграни за Барселона оваа сезона.
Клубот објави дека, покрај Јамал, не можат да сметаат на Алехандро Балде и Гави, како и на Марк-Андре тер Штеген, но ќе го имаат на располагање Френки де Јонг.
Барса беше елиминирана во полуфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона, додека Њукасл се врати во Лигата на шампионите откако не успеа да се квалификува за натпреварувањето минатата сезона.