Македонија
Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 334, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово –22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – 9, Кичево и Делчево – по 8, Крушево – 7, Штип – 6, Кочани и Ресен по 5, Свети Николе – 3, Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 171 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Кавадарци – 20, Прилеп –18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – 6, Кочани – 5, Гевгелија и Битола – по 4, Штип, Струмица и Неготино – по 3, Гостивар и Кратово – по 2, Ресен, Охрид, Делчево и Валандово – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.816 тестови преку: ИЈЗ-600, ЦЈЗ Скопје-96, Авицена-297, Биотек-480, Жан Митрев (Филип Втори)-147, Систина-318, Лаор–385, МАНУ-0, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-194, Ремедика-13, ИБЗД Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1157, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 44818, активни 3681
Куманово 5567, активни 264
Тетово 5446, активни 277
Прилеп 5384, активни 641
Гостивар 3783, активни 149
Штип 3656, активни 125
Велес 3452, активни 270
Битола 3436, активни 187
Кавадарци 3356, активни 591
Охрид 3242, активни 426
Струмица 2712, активни 180
Струга 2409, активни 182
Кочани 1822, активни 71
Кичево 1777, активни 74
Неготино 1230, активни 214
Гевгелија 1214, активни 183
Свети Николе 1109, активни 26
Крива Паланка 836, активни 92
Ресен 810, активни 67
Дебар 794, активни 43
Радовиш 744, активни 26
Делчево 742, активни 190
Берово 642, активни 25
Пробиштип 544, активни 28
Виница 521, активни 25
Валандово 368, активни 31
Крушево 284, активни 74
Кратово 277, активни 36
Богданци 274, активни 48
Демир Хисар 266, активни 16
Македонски Брод 252, активни 7
Демир Капија 241, активни 31
Македонска Каменица 193, активни 3
Пехчево 186, активни 4
Дојран 95, активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

