Македонија
Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак наведуваат дека Договорот не е откажан.
Како што образложија од Министерството, уплатата била повлечена на барање на кинеската компанија поради усогласување на документацијата, но воопшто не станува збор за откажување на договорот и вакцините ќе пристигнат во земјава.
Македонија треба да добие 200.000 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, меѓутоа датумот на испораката засега не е познат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Зелениот регистар е гаранција за зачувување на урбаното зеленило

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека секој граѓанин, јавно и без никакво најавување, може да има целосен увид во Зелениот регистар преку ГИС платформата на Општината.
„Секое дрво е важно. Создаваме општина во која секој граѓанин има пристап до податоци за состојбата на зеленилото. Воведуваме поголема контрола и транспарентност во урбаното планирање“, изјави Герасимовски.
Досега се регистрирани над 10.000 дрвја, од кои 8.000 се листопадни и 2.000 зимзелени. Секое е мапирано со фотографија, состојба и латинско име. Најзастапени видови се липа, јавор, костен и јасен.
„Зелениот катастар ни овозможува реална слика за тоа што го имаме и што ни недостига. Тоа е суштинска алатка за долгорочна заштита на зеленилото“, додаде градоначалникот.
Покрај Зелениот регистар, преку ГИС платформата се достапни и други услуги – електронски упис на првачиња, увид во урбанистички планови и јавни површини. Општина Центар е првата општина која го воведе ГИС системот и од тогаш континуирано работи за надградба и усовршување на оваа дигитална технологија, се со цел поголема транспарентност пред граѓаните, побрз пристап до информации, подобро управување со истите и поголема ефикасност во оперативното работење на секторите, велат од Општината.
Македонија
„Додека Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДС, главен фокус му е бизнисот во Бугарија и фирмите на иста адреса со кланот Заеви“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека Македонија беше во здравствена и енергетска криза Венко Филипче како тогашен министер за здравство освен што имаше низа скандали како тие со набавката и провизиите за кинеските вакцини, Филипче си градел и луксузна хациенда на три ката на Водно, вредна еден милион евра и си отворал фирми во Бугарија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДС главен фокус на Филипче му е бизнисот во Бугарија и фирмите кои се на иста адреса како и фирмите на кланот Заеви.
Венко Филипче и ден денес е управител на бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост. Статусот на фирмата и ден денес е активен што се гледа и од електронските регистри.
Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви.
Фирмата на Филипче, Пауер Ај 8 е фирма регистрирана за изградба на згради, продавање на станови, нивно издавање, потоа за трговија, но и за хотелска дејност.
Дали тоа што е претседател на СДС му овозможува полесна соработка со Бугарија и ширење на бизнисот?
Филипче е должен на јавноста да одговори што точно работи фирмата и какви бизниси има во Македонија, Бугарија, Персискиот залив и Дубаи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Министерот Лимани се сретна со пратеникот во Националниот совет на Австрија, Роберт Лајмер: разговорот фокусиран на можностите за интензивирање на соработката

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на својата посета во Австрија оствари официјална средба со пратеникот во Националниот совет на Австрија и претставник на Социјалдемократската партија на Австрија, Роберт Лајмер, во рамки на продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства меѓу двете земји.
На почетокот од средбата, министерот изрази длабоко сочувство и солидарност за трагедија што се случи во градот Грац, пренесувајќи ја искрената поддршка и блискост на нашиот народ кон граѓаните и семејствата погодени од овој трагичен настан.
Разговорот беше фокусиран на можностите за интензивирање на соработката во областите на социјалната политика, вработувањето, зајакнувањето на младите и заштитата на работничките права. Лајмер ги сподели успешните австриски практики во развојот на одржлив и инклузивен систем на социјална заштита, потенцирајќи ја важноста на обезбедување социјална еднаквост и достоинствени услови за работа за сите граѓани.
Министерот ја истакна важноста на заложбата на Лајмер за унапредување на меѓу парламентарниот дијалог и поттикнување на институционалното партнерство, притоа нагласувајќи ја посветеноста на нашата страна кон спроведување на одржливи реформи што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард, поддршка за ранливите категории и создавање нови можности за вработување, особено за младите и жените.
Двете страни изразија подготвеност за заедничка работа на проекти во областите на професионална обука, социјална инклузија, развој на современи социјални услуги и поддршка на најранливите групи во општеството.
На крајот од средбата беше потенцирана стратешката важност на забрзувањето на процесот на европска интеграција на нашата земја, како гаранција за траен општествен стабилитет, долгорочен економски развој и усогласување на националните политики со стандардите и вредностите на Европската Унија, соопшти Министерството.