Спорт
Хорор-судир во Формула Е шампионатот, возачот, за среќа е во ред
Втората трка од Формула Е шампионатот во Саудиска Арабија во саботата навечер донесе хорор-судир на Британецот Алекс Лин од тимот на Махиндра рејсинг, и видеото кое денеска го објавија од официјалниот Твитер акаунт на шампионатот покажува што ќе се случи кога аеродинамиката на болидите ќе проработи како авион.
Лин има контакт со возачот на Јагуар, Мич Еванс, по што болидот на Лин полетува налик на страшнито инцидент на Марк Вебер во Ф1 во Валенсија во 2011 година. Еванс ја прекрати трката и веднаш отиде да види дали се е во ред со поранешниот ГП3 шампион, кој уште беше во болидот. За среќа, тој излезе од болница без посериозна повреда.
Судирот предизвика предвремен крај на Диријах ГП трката, која по рестартот ја доби сонародникот на Лин, Сем Бирд.
We are thankful that Alex Lynn is well after this accident. Testament to the medical staff, marshals and the @FIA who keep our sport safe. ? to Mitch Evans who abandoned his race to run to Alex’s aid. #ABBFormulaE #DiriyahEPrix @alexlynnracing @mitchevans_ pic.twitter.com/hp7FTNYR8w
— ABB FIA Formula E World Championship (@FIAFormulaE) February 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пјастри на пол-позицијата во спринтот, Норис трет, Ферстапен шести
Оскар Пјастри ќе го започне спринтот во Катар од првата позиција. Австралиецот, во последното излегување на патеката успеа да му го одземе првото место на Џорџ Расел од Мерцедес за 32 илјадити делови од секундата. Трет ќе стартува лидерот во генералниот палсман, Ландо Норис. Потфрли, со шесттот место, Макс Ферстапен.
Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг 1:20.055, за „влакно“ беше побрз од Џорџ Расел. Возачот на Мерцедес ги раздвои возачите на Мекларен. Ландо Норис ќе стартува од третото (+230), а ветеранот Фернадо Алонсо (Астон Мартин) од четвртото место.
Третиот ред го освоија возачите на Ред Бул. Изненадување е што Јуки Цунода е пред Макс Ферстапен. Следуваат Кими Антонели (Мерцедес), Карлос Саинц (Вилијамс), Шарл Леклер (ферари) и Алекс Албон (Вилијамс).
Пред спринт трката Норис има 24 поени повеќе од Пјастри и Ферстапен. Математиката е јасна, Норис викендов треба да освои два поени повеќе (спринт и главна трка) од конкурентите за да ја освои титулата.
Спринтот во Катар се вози во 15 часот по средноевропско време.
Foto/ EPA
Спорт
Аморим ставил 11 фудбалери на трансфер листата, меѓу нив е капитенот
Манчестер Јунајтед наводно е подготвен да продаде дури 11 фудбалери, што Рубен Аморим ги отпишал. Изненадување е што на листата, барем така тврдат англиските медиуми, се наоѓа и еден од недопирливите, капитенот Бруно Фернадеш/
Евертон ја прекина серијата од пет натпревари без пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во понеделник вечерта.
Иако Идриса Геје беше исклучен поради старт врз соиграчот Мајкл Кин, по само 13 минути игра, голот на Дјусбери-Хол им ја донесе победата на „Карамелите“.
По натпреварот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа исвиркани од навивачите за нивната ужасна игра и пораз.
Манчестер Јунајтед моментално е на 10-то место на табелата во Премиер лигата, а како што стојат работите, се подготвуваат големи промени во ростерот.
Според „Сан“, Манчестер Јунајтед сака да го освежи редот за врска, во летниот преоден рок. Тие трансфери клубот би ги финансирал од продажба на фудбалери.
Англискиот дуо Адам Вортон и Елиот Андерсон се на врвот на листата на желби на Рубен Аморим, заедно со Карлос Балеба од Брајтон. Исто така, Јунајтед сака да донесе уште еден голман и играч на крилната позиција.
Јунајтед ги разгледува сите опции поради неизвесноста околу иднината на капитенот Бруно Фернандеш и Коби Меину.
Се тврди дека Бруно Фернандес би можел да се приклучи на друг клуб следната сезона, а Манчестер Јунајтед би требало да заработи околу 65 милиони евра.
Тој претходно изјави дека нема да донесе одлука за својата иднина додека не заврши Светското првенство следното лето.
На трансфер листата на Манчестер Јунајтед се наоѓаат и Мануел Угарте, Маркус Рашфорд, Расмус Хојлунд, Касемиро, Џејдон Санчо, Хари Магваер, Алтај Бајиндир, Џошуа Зиркзе и Тајлер Маласија.
Манчестер Јунајтед, следниот викенд играат против Кристал Палас на „Селхерст Парк“ во Лондон.
Спорт
Лапорта: Во Реал се заразени со „барселонитис“
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, остро го критикуваше Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез за време на неговата посета на Андора. Лапорта одговори на неговите остри изјави на последното Генерално собрание на Реал Мадрид.
Флорентино Перез ја обвини Барселона дека во последните 17 години му исплатила 8.000.000 евра на потпретседателот на судиската комисија, Хозе Марија Енрике Негреира. На собранието, кое има 1.563 членови, Перез ги критикуваше Ла Лига, Барселона, УЕФА, судиите… Тој не поштеди никого.
По ова следеше одговорот на Жоан Лапора.
„Немав можност да ги коментирам изјавите од тоа Собрание, но сега кога сум во Андора, имам можност. Мислам дека тие го покажуваат „барселонитисот“ од кој страда Реал. Се чини дека мора да зборуваат за Барса за да оправдаат, не знам зошто. Барса никогаш не купила судии и воопшто судиите никогаш не ја фаворизирале Барса, тие секогаш го фаворизирале Реал“, се оправда Лапорта.
Тој го, како пример дека Реал ја има поддршката од судиите, го наведе последното коло од Ла Лига.
„Без да одам понатаму, минатото коло, Реал постигна два гола, за мене е јасно дека Белингам ја допира топката со рака, а потоа Винисиус му го крши носот на Игнасио и тие два гола не треба да бидат признати и сега Барса би била лидер на Лигата“, нагласи претседателот на Барселона.
Лапорта исто така истакна дека обвинувањата на Реал нема да го оцрнат „златното доба“ во историјата на клубот:
„Тие имаат комплекс и манија да ја бркаат најдобрата фаза во историјата на Барса, не им се допаѓаше што Барса беше водечки тим на планетата од 2004 до 2015 година. А сега бараат изговори што не водат никаде. Ние бевме тим кој играше најдобар фудбал, беше препознаен, луѓето го сакаа и му се восхитуваа на тој тим. Освоивме многу титули, а играта на Барселона беше обожувана насекаде низ светот, затоа немојте да барате изговори“, подвлече лидерот Блауграна.
Претседателот на Барселона е задоволен ако противникот се чувствува така.
„Ако се заразени со „барселонитис“, јас сум среќен, бидејќи ова се обично периодите кога Барса е успешна и победува. Телевизијата на Реал Мадрид се обидува да влијае на судиите секоја недела“.

