Спорт
Јохан Блејк: Не одам на Олимпијада ако морам да се вакцинирам
Јохан Блејк, еден од најдобрите јамајчански спринтери и освојувач на четири олимписки медали, вели дека ќе ја пропушти Олимпијадата во Токио ако мора да се вакцинира против КОВИД-19.
Поранешниот светски шампион на 100 метри, кој беше најавуван како наследник на Јусеин Болт, вели дека има свои причини за ваквиот став.
„Мојот ум уште стои на тоа, не ја сакам вакцината. Повеќе би сакал да ја пропуштам Олимпијадата отколку да се вакцинирам. Среќен сум вака. Не сакам да објаснувам зошто е така, но имам мои причини“, вели 31-годишниот Блејк.
Блејк освои сребро на 100 и 200 метри на ОИ во Лондон во 2012 зад сонародникот Јусаин Болт, и беше дел од штафетата 4х100 метри кој освои злато на таа Олимпијада и во Рио четири години подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Елмас и Наполи паднаа во Удине, Верона ја продолжи агонијата на Фиорентина
Актуелниот шампион Наполи доживеа болен пораз во Удине и ја пропушти можноста да искачи на челната позиција во Серија А.
Наполи загуби со 1:0 од Удинезе, а херој на црно-белиот тим е Холанѓанецот Екеленкамп, кој го постигна решавачкиот гол во 73-та минута. Домаќините имаа поништен гол во 52-тата минута кога Дејвис беше во офсајд. Наполи беше во подредена позиција на овој натпревар, што го покажува фактот дека немаа ниту еден удар во рамките на голот.
Македпнскиот репрезентативец Елиф Елмас беше на теренот до 83-та минута.
Во вториот натпревар од попладневната програма, продолжи агонијата на Фиорентина. Тимот од Фиренца сè уште е без победа, а овој пат не успеа да освои ниту бод против Верона. Натпреварот заврши со резултат 1:2.
Гостите поведоа во 42-та минута преку Нигериецот Орбан, а Нуњез израмни со автогол во 69-та минута. Фиорентина се обидуваше да ги освои сите три бода, а потоа следеше шок.
Орбан повторно ја погоди мрежата на Фиорентина во третата минута од судиското продолжение и ѝ донесе на Верона три бода.
Фиорентина по 14 натпревари се уште нема победа, има шест бода и се наоѓа на последното место на табелата.
Спорт
Реал Сосиедад го отпушти тренерот Франциско
Реал Сосиедад во неделата објави дека го отпуштил тренерот на тимот, Серхио Франциско.
Разделбата следеше по серија лоши резултати од почетокот на сезоната и само 16 освоени бода од тимот во 16 натпревари.
Последната капка за незадоволството на раководството на Баскијците беше поразот од Џирона дома (1:2), трет по ред во првенството.
Сосидад има само два бода повеќе од првиот тим „под линијата“.
Тимот ќе го предводи тренерот на резервниот тим, Јон Ансотеги, сигурно во следните два натпревари, против Елденсе во Купот и Леванте во првенството.
Франциско е третиот тренер кој е отпуштен од почетокот на сезоната во Ла Лига, по Јулијан Калер (Леванта) и Вељко Пауновиќ (Овиедо).
Foto/ EPA
Спорт
Кикс на Милан против Саусоло
Фудбалерите на Милане не успеаја да го победата Сасуоло во 15-то коло, во Серија А. Во првиот меч од неделната програма, на „Сан Сиро“ во Милано заврши без победник 2:2. Сасуоло е „црна мачка“ за Милан во последните неколку сезони, на последните шест натпревари против овој противник росонерите имаат само една победа.
Дека, Сасуоло ќе биде „тврд орев“ за лидерот на табелата, покажа кога Коне им донесе предност на годите.
Милан изедначи со голот на Бартезаки во првиот дел, а истиот играч, во 47-та минута го комплетираше пресвртот. Бартесаки стана најмладиот стрелец за Милан, од дефанзивната линија, уште од легендарниот Паоло Малдини.
До израмнувачкиот гол на Лориенте во 77-та минута, на Милан му беа поништени два гола. Првиот е дискутабилен, ВАР пресуди дека Луфтус-Чик направил фаул, вториот на рабио е оправдано поништен.
Можеше Сасуоло да го шокира Милан, но ударот на Лориете во 89-та минута заврши во стативата.
Милан сега има 31 поен, но до крајот на денот може да биде престигнат од Наполи и Интер. Наполи гостува кај Удинезе, а Интер во Џенова.
Foto/ Depositphotos

