Спорт
Челси и Јунајтед одиграа реми без голови првпат од 2007 година!

Во разочарувачки меч, со малку шанси, но многу ВАР контроверзи (видете линкот подолу), дербито меѓу Челси и Манчестер јунајтед заврши 0:0, првпат од 2007 година, резултат кој ги остава Манчестер сити 12 поени пред Јунајтед на врвот на табелата и минимално ги доближува Челси до топ 4 пласман.
Неочекувано, најголема ѕвезда на мечот беше судијата Стјуарт Атвел со неговата одлука да не досуди пенал за Јунајтед во првото полувреме по играњето со рака на Калам Хадсон-Одои, и покрај тоа што ВАР му го сугерираше тоа, но разочарувачки е што меч на така големи англиски клубови завршува со малку удари на голот и без вистинска возбуда.
Челси имаа повеќе од топката, но не како на претходните мечеви под водство на Томас Тухел, а Јунајтед неколкуте изгледни шанси сами ги пропуштија. Резултатот фер, гледачите разочарани.
ВАР контроверзи на Челси-Јунајтед, Тухел му се „дереше“ на Солскјер
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Убедлив триумф на Литванија во првиот меч на ЕП

Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94:70.
Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот.
Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им обебзедија убедлива победа. Две третини од поените Литванците постигнаа од рекетот.
Британците добро се држеа три четвртини, се враќаа на едноцифрен минус, но потоана во последноте седум минути кога Литванците направија предност од 20 пеони.
Очекувано доминираше во рекетот Јона Валачиунас со 18 поени и девет скока, поен помалку со седум скока имаше Тубелис, а Јокубаитис и Нормантас забележаа по 12 поени.
на спротивната страна се истакна Јебоа со 17 поени, а двоцифрени, со по 10 поени беа Филип и Хенсон.
Foto/ EPA/KIMMO BRANDT
Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.
Спорт
Бојан Димоски се сели во ТСЦ

Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч.
Пред тоа, ги бранеше боите на Брера од Струмица и на Вардар. Одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.