Црна хроника
Седумнаесетгодишна девоја се самоуби со службен полициски пиштол
Седумнаесетгодишна велешанка, си го одзеде животот рано утрово пукајќи од службениот пиштол на својата роднина која работи во велешката полиција
Според велешката полиција, малолетната девојка, околу два часот ноќеска се застрелала со еден истрел од пиштолот на роднината кај која била на гости на улицата Марксова. Повредената со брза помош била пренесеа во медицинскиот центар во Велес, но поради сериозноста на повредите, прострелна рана во пределот на слепоочницата, била препратена во Ургентниот центар во Скопје каде починала во 5.15 часот.Според извори од полицијата, веројатно станува збор за самоубиство, бидејќи девојката оставила проштална порака на огледалото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

