Регион
Тачи: Нератификувањето на договорот со Црна Гора ја загрозува европската иднина на Косово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/hasim20taci202.jpg)
Косовскиот претседател Хашим Тачи порачал дека секое одложување на ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора ја загрозува европската иднина на Косово, пренесуваат косовските медиуми.
Косовскиот претседател Хашим Тачи порачал дека секое одложување на ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора ја загрозува европската иднина на Косово, пренесуваат косовските медиуми.
„Косово има две можности – интеграција или изолација“, изјавил Тачи во своето обраќање до нацијата. „Гласајте за потврда на нашата геостратешка ориентација и партнерството со САД и западноевропските сојузници и нашата визија за евроатланските интеграции. Немојте да ја жртвувате вашата иднина и иднината на Косово поради дневно партиските интереси“, порачал Тачи.
Лидерот на опозициското движење „Самоопределување“, Висар Имери, пак, пораката на Тачи ја опишал како „кампања на притисок врз членовите на парламентот, за да се ратификува демаркацијата“.
„Тачи сака да ја оживее и асоцијацијата на српските општини на Косово. Одрекувањето од 8.200 хектари го поврзува со меѓународната изолација, европските интеграции, членството во НАТО, формирањето на војската на Косово. Но Тачи се грижи само за себе. Тој не е нити шеф на државата, нити народен лидер“, рекол Имери./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Во БиХ утре нов дводневен бојкот на продавниците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/prodavnici.jpg)
На иницијатива на граѓаните утре ќе има нов дводневен бојкот на пазарењето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.
Неформалните група преку социјалните мрежи повикаа на нов бојкот како одговор на постојаното поскапување на основните прехранбени производи и покрај најавите на владините тела и мерките за нивно ограничување.
Министерот за трговија на БиХ, Амир Хасичевиќ изјави дека Владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.
Според податоците на даночните управи првиот бојкот на продавниците што го организираа граѓаните на БиХ на последниот ден од јануари не бил успешен.
Граѓанските иницијативи во БиХ, Хрватска и соседните земји продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските синџири со цел да се спречат понатамошни неоправдани поскапувања на основните потреби, според медиумите во регионот.
Регион
(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-192004.jpg)
Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.
Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.
Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.
Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.
Регион
Маж застрелал куче кое му влегло во дворот во Славонски Брод
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/Priča_o_psu_heroju_koji_se_doma_vratio_s_porukom_koja_je_začudila_vlasnike_-_Index.hr_-_2019-03-11_20.47.45.jpg)
Полициската управа пријавила дека вчера околу 19 часот во Славонски Брод 79-годишен маж со воздушна пушка пукал во куче кое без надзор влегло во неговиот двор. Кучето потоа умрело од повредите здобиени за време на операцијата во ветеринарна клиника.
Според полицијата, полициските службеници од 79-годишниот маж одзеле регистрирана воздушна пушка и против него поднеле посебен извештај како дополнување на кривичната пријава до општинското државно правобранителство во Славонски Брод поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убивање или мачење животни.
Потоа, на 49-годишник изречена му е прекршочна мерка од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир затоа што не чувал животни под надзор.