Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче треба да одговараат за вакцините
Дека набргу ќе стигнат вакцините, граѓаните слушаат секој ден, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„И додека Венко Филипче и Зоран Заев велат дека ако е вратен авансот за кинеските вакцини, бројката на заразени се зголемува. Филипче и Заев уште велат ако е вратен авансот, сепак вакцините ќе стигнат набргу. Но, што значи тоа набргу? Ништо! Во оваа ситуација во Македонија едно е јасно – вакцини нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија додаваат дека Филипче и Заев не само што покажаа туку и докажаа дека не се способни и дека не се заинтересирани за набавка на вакцини.
„Филипче и Заев тераа одмор минатата година во август додека сите преговараа и договараа вакцини за годинава. За вакцини ‘ќе има набргу’, а ги нема, иако сите земји вакцинираат од декември минатата година, одговорност мора да има“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени, потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница.
И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија пригоден подарок и парични награди. Продолжувајќи ја традицијата, оваа година признанието „Најдобар рудар“ му беше доделено на Дарко Велиновски, кој во оваа прилика доби и посебна парична награда и пригоден подарок. Покрај најдобриот рудар, раководството на САСА додели парични награди и на вкупно 121 вработен. Од нив, 16 вработени добија парична награда за придонес кон безбедноста при работа и заштитата на животната средина, а на 105 вработени им се доделени парични награди за нивниот особен придонес при остварување на безбедно и стабилно производство.
Како дел од активностите по повод празникот, рудникот САСА, преку својата Фондација, обезбеди и финансиска поддршка за реализацијата на две приоритетни потреби на локалната заедница. Имено, на припадниците на територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица им беа донирани комплети заштитна опрема, целосно усогласени со стандардите за безбедност. Исто така, инвестирани се и средства за целосна реконструкција на дел од санитарните јазли во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица, со што значително се подобрени условите за децата кои престојуваат во оваа установа.
„Нашите вработени се срцето на САСА. Нивната посветеност, стручност и безбедно извршување на работните задачи се клучни за успешното работење на рудникот. Овие награди, што им ги доделуваме по повод Денот на рударите, се само симболично признание за нивниот секојдневен труд. Во исто време, силно веруваме дека развојот на САСА е нераскинливо поврзан со напредокот на заедницата во која работиме, па затоа и понатаму ќе продолжиме со посветена поддршка за општината и нејзините граѓани“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Кристофер Колбурн, честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во САСА и на целата домашна рударска индустрија, како и празникот на сите жители на општината Македонска Каменица, посакувајќи им добро здравје и многу успех на сите полиња.
Инаку, традиционално, Рудник САСА и оваа година е главен покровител и партнер на сите активности што се организираат во локалната заедница, меѓу кои и на централната тридневна културно-музичка програма што се одржува на градскиот плоштад, по повод Денот на рударите и празникот на општината Македонска Каменица.
(ПР)
Соопштенија
Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“

Во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, претставници на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) остварија работна посета на „Алкалоид“.
Целта на посетата, трета од ваков тип, е запознавање на различни тимови млади лидери со условите и со начинот на работа во најуспешните македонски приватни компании.
За време на посетата, гостинската работна група, предводена од алкалоидовиот тим на чело со Генералниот директор и Претседател на УО Живко Мукаетов, имаше можност одблизу да се запознае со постигнатите резултати од работењето, инвестициските проекти кои континуирано ги реализира компанијата низ годините, извозните операции, како и со континуираните проекти за општествена одговорност во корпоративната агенда на „Алкалоид“.
Дневниот ред на работната средба опфати и обиколка на компаниските производствени капацитети во сегментот фармација и на Институтот за истражување и развој. Посебен акцент беше ставен на деловните операции во САД, каде што „Алкалоид“ АД Скопје во 2005 година основаше своја подружница во Њу Олбани, Охајо.
Освен пласманите на чаеви од програмата Good Nature и на детска козметика од брендот Becutan, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како на пример лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.
Членовите на делегацијата, меѓу кои г. Нејтан Алонзо, г-ѓа Тори Мaри Блу, г-ѓа Кeси Чејмберс Армстронг, г. Томи Чој, г. Тимоти Регланд, г. Едвард Штокхаузен и г-ѓа Џесика Страм, го истакнаа своето задоволство од постигнувањата и од глобалната позиционираност на „Алкалоид“, особено во сегментот на деловните активности на компанијата на американскиот пазар.
Од своето основање во 1966 година, ACYPL, преку бројни програми за размена, им овозможува на своите членови да развијат глобална политичка и бизнис-перспектива и да изградат значајни меѓународни партнерства.
Досега, со континуирана поддршка од американскиот Стејт департмент и од бројни партнери, над 9.200 лидери од САД и од уште 137 земји низ светот зеле учество во инспиративните програми за размена на оваа интернационална мрежа.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и компанијата „Зегин“ донираа апарат наменет за лица со нарушување од аутистичниот спектар

Денес, Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин донираа апарат TMS M50 Ultimate, наменет за подобрување на социјалната интеракција и комуникациските вештини, регулирање на сензорната хиперактивност и подобрување на когнитивната флексибилност на лицата со нарушување од аутистичниот спектар. Овој апарат, кој се донира на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација претставува огромен исчекор во третманот и намалувањето на симптомите и предизвиците поврзани со аутизмот.
Директорката на Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација Нермин Теловска истакна дека оваа донација е од огромна важност бидејќи апаратот освен во директната работа со лицата со нарушување од аутистичниот спектар и бенефитите кои ги нуди, има напреден и современ софтвер и одлични функции за собирање и разработување на податоци кои ќе овозможат и истражувања и донесување на одлуки и протоколи базирани на податоци.
Оваа активност е директен резултат на трката со хуманитарен карактер „Зегин Спектратон-Трка на херои во сите бои“ која ја реализира Фондацијата д-р Верица Механџиска заедно со Зегин каде граѓаните преку трчање и спортски активности испраќаат моќна порака за еднаквост, солидарност и емпатија и со своите котизации поддржуваат создавање на инклузивно општество и позитивни промени за заедницата. Трката, која прераснува во традиционален настан, оваа година беше повод граѓаните да трчаат и да донираат за 4 активности, кои освен веќе-споменатиот апарат TMS M50 Ultimate, предвидуваат и опремување на сензорна соба во Здружението Рубико во Кочани, реновирање и доопремување на просториите во одделот за психофизиологија при Клиника за детски болести каде се нуди специјализирана грижа и третмани за децата со нарушување од аутистичниот спектар, како и бесплатна програма за рана проценка за нарушување од аутистичниот спектар која ќе ја спроведе Здружението Сина светулка.
Предвидените активности се доказ дека заедно можеме многу и со вклучување на сите хумани поединци и компании можеме да придонесеме кон создавање на позитивни примери и вредности за заедницата во целост.
(ПР)